Актуелно
Во рубриката актуелно ве информираме за сите новости кои се однесуваат на пазарот на трудот во Македонија и светот. Вработеноста, вработувањето, просечната плата и Законот за работни односи се теми кои редовно ги следиме и за кои секојдневно информираме. Барањето работа ќе ви биде значително полесен процес доколку сте информирани за новостите кои ние ви ги подготвуваме. Вестите за пазарот на трудот се идеални за луѓе кои бараат работа, работодавци, претприемачи и вработени професионалци. Многумина ќе ги интересира и како сме се посрамотиле на работа, дали одиме на работа настинати, дали ја работиме работата што ја сакаме, дали создаваме пријателства на работното место и какви се резултатите од популарните анкети објавени на порталот Vrabotuvanje.com.mk. Информираме и за одредени вести од сферата на економијата и бизнисот, но најважното подрачје за нас останува пазарот на трудот. Тука се и актуелностите од сферата на човечките ресурси, условите за работа и најновите истражувања на порталот Vrabotuvanje.com.mk. Најпопуларни теми се истражувањата за големината на платата, кој е најдобар работодавач во Македонија, дали сакаат македонските работници да работат во странство и останати полесни теми како што се уредност на работа и пиење кафе на работното место.
-
Цената на горивата останува иста, поскапува само Екстра лесното масло за домаќинство
Цените на горивата остануваат исти, а за два денари од полноќ се зголемува цената на Екстра лесното масло за домаќинство, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).
-
Македонката Ива Пројковска ќе суди на женското Европско првенство во Англија
Најдобрата македонска фудбалска судијка, Ива Пројковска, ќе суди натпревари на годинешното Европско фудбалско првенство за жени што ќе се игра во Англија.
-
Град Скопје направи измени: Ако ве касне улично куче, еве како ќе се решава случајот
Советот на Град Скопје, на денешната седница донесе Одлука за надоместок на материјална и нематеријална штета предизвикана од бездомни кучиња на јавни површини
-
„Ористе комшии“: Гевгелија ја преживеа короната, Грците се враќаат на шопинг
По ограничувањата што ги наметна ковид-19 во изминатите две години на гевгелиските улици повторно се слуша грчки. Сепак, будењето на локалната економија, зависна од посетите и трошењето на Грците, не оди толку лесно и брзо, барем не за некои дејности.
-
Во Босна падна снег, а во Србија покривката е до 50 сантиметри
Србија e под снег, a на некои места снежната покривка е со дебелина до 50 сантиметри.
-
Дневниците на вработените во образованието кои штрајкуваат ќе им бидат скратени
Не се работи за притисок, ниту за каква било уцена, туку за почитување на законите и Колективниот договор
-
Домашно или увезено пиво? Кои брендови доминираат во Македонија, кои во регионот
„Пикаса“ направи истражување за тоа „Кои брендови на пиво се најдоминантни во дигиталниот простор низ Западен Балкан“. Преку алгоритми засновани на специфични истражувања за брендови на пиво, анализирани се медиумски написи и објави на социјалните мрежи каде се споменуваат брендовите на пиво па се мерела вкупна реакција од страна на публиката.
-
АХВ врши засилен мониторинг на продажните места за месо и јајца
Засилен мониторинг на продажните места за месо и јајца врши Агенцијата за храна и ветеринарство пред велигденските празници, изјави денеска директорот Николче Бабовски.
-
Во кои земји работната недела е најдолга, а во кои најкратка?
Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД), во која членуваат 38 земји, го пресмета просечниот број часови на работа на луѓето
-
ЕК засега не планира укинување на ковид-сертификатите
Од Европската Комисија денеска порачаа дека е прерано да се укинат Ковид сертификатите иако тие сѐ помалку се користат во земјите членки на ЕУ, јави дописничката на МИА од Брисел.