Актуелно
Во рубриката актуелно ве информираме за сите новости кои се однесуваат на пазарот на трудот во Македонија и светот. Вработеноста, вработувањето, просечната плата и Законот за работни односи се теми кои редовно ги следиме и за кои секојдневно информираме. Барањето работа ќе ви биде значително полесен процес доколку сте информирани за новостите кои ние ви ги подготвуваме. Вестите за пазарот на трудот се идеални за луѓе кои бараат работа, работодавци, претприемачи и вработени професионалци. Многумина ќе ги интересира и како сме се посрамотиле на работа, дали одиме на работа настинати, дали ја работиме работата што ја сакаме, дали создаваме пријателства на работното место и какви се резултатите од популарните анкети објавени на порталот Vrabotuvanje.com.mk. Информираме и за одредени вести од сферата на економијата и бизнисот, но најважното подрачје за нас останува пазарот на трудот. Тука се и актуелностите од сферата на човечките ресурси, условите за работа и најновите истражувања на порталот Vrabotuvanje.com.mk. Најпопуларни теми се истражувањата за големината на платата, кој е најдобар работодавач во Македонија, дали сакаат македонските работници да работат во странство и останати полесни теми како што се уредност на работа и пиење кафе на работното место.
-
Од утре и задутре зејтин ќе има во сите маркети, цената ќе биде стабилна и ќе достигне максимум 2,5 евра
Цената на зејтинот ќе биде меѓу 2,20 – 2,40 евра или максимум 2,50 евра и ова цена ќе се задржи, особено по празниците. Ќе има и доволно количини масло за јадење во маркетите. Граѓаните не треба да стравуваат, ниту да купуваат повеќе за да трупаат залихи, рече денеска генералниот директор на фабриката „Благој Ѓорев“ во Велес, Горан Лазов.
-
Ќе има ли ковид-ограничувања за летување во Албанија?
Во пресрет на новата туристичка сезона, Асоцијацијата на албанските туристички работници бара од Техничкиот комитет на експерти за справување со пандемијата со Ковид-19 да ги укинат рестриктивните мерки, бидејќи сметаат дека сега „веќе не се разговара за пандемија, туку за економија”.
-
Понеделник, вториот ден на Велигден неработен за сите граѓани
Велигден, вториот ден на Велигден – понеделник (25 април) според православниот календар, е неработен ден за сите граѓани на Република Северна Македонија, информира Министерството за труд и социјална политика.
-
Исплатата на пензиите за месец април ќе започне во вторник
Исплатата на пензии за месец април 2022 година ќе започне од 26.04.2022 година
-
Законската одредба за недела неработен ден ќе се најде пред Уставниот суд
Законската одредба за недела неработен ден во државата, утре ќе биде разгледана од Уставниот суд на иницијатива на Стопанска комора на Македонија, која се однесува на последните измени на Законот за работните односи
-
Распишан наменскиот оглас за доделување земјиште за одгледување стратешки култури
Владата на денешната седница го распиша наменскиот јавен оглас за доделување 5 722 хектари земјоделско земјиште во 14 региони
-
Од утре во маркетите ќе има српски зејтин
Денеска се испорачани првите количини масло за јадење од Србија, а веќе утре треба да се најдат во маркетите, информира министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски
-
Велики петок е неработен ден
Министерството за труд и социјална политика, на граѓаните од православна вероисповед во Република Северна Македонија им го честита празникот
-
Се укинува обврската за поседување сертификати за вакцинација, ПЦР и антиген тестови при влез во државата
Вицепремиерот Артан Груби на својот Фејсбук профил објави дека на владина седница е донесена препорака за укинување на обврската за поседување сертификати за вакцинација, ПЦР и антиген тестови за сите домашни и странски државјани при влез во државата
-
Град кој лани привлече дури 718 милиони евра инвестиции: Топ 4 сектори во кои вреди да се инвестира
Виенската бизнис агенција во 2021 година благодарение на понудите за компаниите успеа да привлече инвестиции во вредност од 718 милиони евра.