Актуелно
Во рубриката актуелно ве информираме за сите новости кои се однесуваат на пазарот на трудот во Македонија и светот. Вработеноста, вработувањето, просечната плата и Законот за работни односи се теми кои редовно ги следиме и за кои секојдневно информираме. Барањето работа ќе ви биде значително полесен процес доколку сте информирани за новостите кои ние ви ги подготвуваме. Вестите за пазарот на трудот се идеални за луѓе кои бараат работа, работодавци, претприемачи и вработени професионалци. Многумина ќе ги интересира и како сме се посрамотиле на работа, дали одиме на работа настинати, дали ја работиме работата што ја сакаме, дали создаваме пријателства на работното место и какви се резултатите од популарните анкети објавени на порталот Vrabotuvanje.com.mk. Информираме и за одредени вести од сферата на економијата и бизнисот, но најважното подрачје за нас останува пазарот на трудот. Тука се и актуелностите од сферата на човечките ресурси, условите за работа и најновите истражувања на порталот Vrabotuvanje.com.mk. Најпопуларни теми се истражувањата за големината на платата, кој е најдобар работодавач во Македонија, дали сакаат македонските работници да работат во странство и останати полесни теми како што се уредност на работа и пиење кафе на работното место.
-
Дебарското јагне речиси распродадено, цената за викендов достигнала 190 денари
Околу 90 отсто од дебарските јагниња годинава ќе завршат на италијанскиот пазар. Досега се извезени вкупно 15 000 што е 70 отсто од вкупниот фонд во Дебар и Центар Жупа. Дел од пласманот е реализиран и во Хравстка, а нешто е продадено и во Грција и Бугарија, вели за МИА претседателот на здружението на сточари „Даши“, Скендер Аме, се пласирале и во Хрватска, а нешто е пратено и за Грција и Бугарија.
-
Анкета: Една третина од матичните лекари во Британија планираат отказ во следните пет години
Нешто повеќе од една третина од британските матични, односно семејни лекари во Велика Британија се изјасниле дека планираат да дадат отказ во следните пет години, покажала анкетата во рамките на најновото истражување спроведено од Универзитетот во Манчестер.
-
Горивата поскапуваат од полноќ, бензините за 1,5 ден., дизелот 2,5
Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,90 % во однос на одлуката од 11.04.2022 година.
-
Возилото ќе може да се осигура само за викенд, на шест месeци или за една сезона, и зелениот картон ќе се купува со регистрацијата!?
Во завршна фаза е процесот на либерализација на пазарот на автоосигурувањето. Во моментов пазарот на автоодговорноста е регуриран.
-
Актуелните правила за патување во Грција продолжени до 1 мај
До 1 мај се продолжени актуелните правила и предуслови за патување во Грција, односно и понатаму е задолжителен сертификат за вакцинација или за прележан Ковид-19 или негативен резултат од ПЦР/рапид тест, мерки што важат и за државјаните на Северна Македонија, јави дописничката на МИА од Атина.
-
Зголемени водостоите на езерата и реките
За по еден сантиметар се зголемени водостоите на трите природни езера во земјава во споредба со вчера, покажуваат резултатите од последните мерења направени од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
-
Ќе бидат поделени 400 посни оброци на сите социјални загрозени категории: „Заедно сме посилни"
На ден 20.04.2022 година во центарот на Скопје (плоштадот на црквата Пресвета Богородица) ќе бидат поделени 400 посни оброци на сите социјални загрозени категории. Настанот има за цел да згрее повеќе срца под мотото „Заедно сме посилни"
-
Први отворени денови во Мајорел Скопје - За сите оние што зборуваат германски и англиски јазик
Мајорел Скопје ги отвара своите врати за сите оние што го зборуваат германскиот јазик и притоа имаат добро познавање и од англиски јазик!
-
Од еден до друг попис 60 села останале без ниту еден жител, многу други ги чека истата судбина
Пописот кој лани беше спроведен во земјава, а чии резултати без презентирани при крајот на март годинава, покажа дека во Македонија 207 населени места се без ниту еден жител. Од еден до друг попис имаме плус 60 празни населени места. Во штипско има дури 14 пусти села, а истата судбина ја делат и 12 кавадаречки села.
-
„Дамила“- Нова ИТ-компанија која развива едукативна платформа за над 19 000 училишта
Дамила е нова ИТ компанија на македонскиот пазар, основана со британски капитал од г. Иан Бишоп