Актуелно
Во рубриката актуелно ве информираме за сите новости кои се однесуваат на пазарот на трудот во Македонија и светот. Вработеноста, вработувањето, просечната плата и Законот за работни односи се теми кои редовно ги следиме и за кои секојдневно информираме. Барањето работа ќе ви биде значително полесен процес доколку сте информирани за новостите кои ние ви ги подготвуваме. Вестите за пазарот на трудот се идеални за луѓе кои бараат работа, работодавци, претприемачи и вработени професионалци. Многумина ќе ги интересира и како сме се посрамотиле на работа, дали одиме на работа настинати, дали ја работиме работата што ја сакаме, дали создаваме пријателства на работното место и какви се резултатите од популарните анкети објавени на порталот Vrabotuvanje.com.mk. Информираме и за одредени вести од сферата на економијата и бизнисот, но најважното подрачје за нас останува пазарот на трудот. Тука се и актуелностите од сферата на човечките ресурси, условите за работа и најновите истражувања на порталот Vrabotuvanje.com.mk. Најпопуларни теми се истражувањата за големината на платата, кој е најдобар работодавач во Македонија, дали сакаат македонските работници да работат во странство и останати полесни теми како што се уредност на работа и пиење кафе на работното место.
-
Србија ја крева рампата – Македонија ќе добие два милиона литри зејтин
На вчерашната седница српската Влада донесе одлука за извоз на два милиона литри масло за јадење.
-
Заврши грејната сезона
Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) ја информира јавноста дека согласно Правилата за снабдување со топлинска енергија заклучно со денес 15 април завршува редовната грејна сезона.
-
Со слоганот „Нека живее љубовта“ во Будва од 29 април почнуваат карневалските празнувања
На крајот на април и почетокот на мај, улиците и плоштадите во и околу стариот град Будва традиционално зујат со весела бучава. Време е за карневал! По две години тишина, се враќаме со карневалскиот живот во полн сјај.
-
„Пари“ анализа: Граѓаните оставиле дури 21 милион евра во само четири лаборатории лани!
И покрај платеното здравствено осигурување, најголем дел од граѓаните кои се соочија со вирусот Ковид-19, мораа да одат во приватни лаборатории.
-
Србија ја тргна забраната за извоз на храна од органско потекло
Српската влада ги тргна прехранбените производи од органско потекло од забраната за извоз на основните земјоделски и прехранбени производи.
-
Грција ја укина месечната казна од 100 евра за невакцинираните граѓани над 60-годишна возраст
За периодот откако мерката стапи во сила (јануари), заклучно со денеска, невакцинираните ќе треба да платат износ од вкупно 300 евра, меѓутоа, грчкиот министер за здравство, говорејќи за грчките медиуми во изминатите денови, ја остави отворена можноста да се поништат веќе изречените казни, во случај невакцинираните да решат да се вакцинираат.
-
Малолетничките бракови се клучната причина за прекин на образованието, но не и единствената
Наметнато од неискоренетите стереотипи во традиционалните семејства, според искуството на експертите, најчесто очекувањата се дека девојчињата Роми треба да останат во семејството, да помагаат околу домаќинството, да се грижат за своите помали браќа и сестри, а таму каде што има млади мајки да се грижат за своите деца. Тоа е и клучната и главната причина зошто го напуштаат образованието, но не е единствената.
-
Нема договор за повисоки плати, продолжува штрајкот во училиштата и градинките
Во училиштата и градинките ќе се штрајкува петти ден, затоа што сѐ уште нема договор за повисоки плати на вработените. МОН вчера повика наставата да продолжи, а паралелно да има преговори, на што СОНК одговори дека без прифатлив предлог и понуден процент за покачување на платите, не може да го прекинат штрајкот.
-
Денес сончево и топло, викендов повторно промена
Денес времето во Македонија ќе биде сончево и ТОПЛО со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југоисточен правец. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 18 до 24 степени.
-
За берење малини во Србија плаќаат по 4.000 денари на ден, плус стан и храна
Поради тоа што поголемиот број на млади лица од сите поранешни југословенски републики ги напуштија своите матични земји и се упатија во потрага по подобар живот во некоја од поразвиените европски земји или Америка и Австралија