Актуелно
Во рубриката актуелно ве информираме за сите новости кои се однесуваат на пазарот на трудот во Македонија и светот. Вработеноста, вработувањето, просечната плата и Законот за работни односи се теми кои редовно ги следиме и за кои секојдневно информираме. Барањето работа ќе ви биде значително полесен процес доколку сте информирани за новостите кои ние ви ги подготвуваме. Вестите за пазарот на трудот се идеални за луѓе кои бараат работа, работодавци, претприемачи и вработени професионалци. Многумина ќе ги интересира и како сме се посрамотиле на работа, дали одиме на работа настинати, дали ја работиме работата што ја сакаме, дали создаваме пријателства на работното место и какви се резултатите од популарните анкети објавени на порталот Vrabotuvanje.com.mk. Информираме и за одредени вести од сферата на економијата и бизнисот, но најважното подрачје за нас останува пазарот на трудот. Тука се и актуелностите од сферата на човечките ресурси, условите за работа и најновите истражувања на порталот Vrabotuvanje.com.mk. Најпопуларни теми се истражувањата за големината на платата, кој е најдобар работодавач во Македонија, дали сакаат македонските работници да работат во странство и останати полесни теми како што се уредност на работа и пиење кафе на работното место.
-
Алкалоид со голема донација во сите градинки во Карпош
Алкалоид АД Скопје донираше 2167 производи Бекутан КИДС ВИТС – МУЛТИВИТАМИНИ сирупи наменети за деца на возраст над една година во сите градинки на територија на Општина Карпош.
-
Препораката за настава со физичко присуство ги „збуни“ студентите, повеќето факултети нема да го менуваат сегашниот модел
Повеќето високообразовни установи кои изминативе две години применуваа комбиниран модел на настава ќе продолжат со истиот до крајот на тековната академска година, но дел од факултетите ја враќаат наставата во амфитеатрите и предавалните.
-
Огромен интерес има за купување на имоти во Дојран, цените скокнаа за 150 отсто
За купување на недвижен имот во Дојран има огромен интрес, а цените од 2019 година до денес скокнале за 150 отсто.
-
„Паднаа“ маските во затворен простор
Маските ќе бидат задолжителни само во јавниот превоз (автобус, воз, авион, такси), здравствените установи, аптеките, установите за згрижување на стари лица и лица со попреченост.
-
Од утре веќе не е потребен Ковид сертификат за влез во Бугарија од Македонија
Од утре, лицата кои пристигнуваат од Република Северна Македонија, Турција, Романија, Србија, Унгарија, Полска, Чешката Република, Словачка, Израел и Египет при влез во Бугарија веќе не се обврзани да поседуваат дигитален Ковид сертификат.
-
Контактите не одат во изолација
Владата ја укина мерката за задолжителна изолација на лица што имале блиски контакти со случаи позитивни на Ковид-19.
-
Нова одлука за намалување на цената на маслото за јадење
Сончогледовото масло ќе се увезува без царина. За да нема недостиг на домашниот пазар, Владата донесе одлука наместо 29%, маслото за јадење да влегува во земјата без давачка.
-
Над четвртина од луѓето во Германија имаат мигрантско потекло
Секој четврти човек во Германија има мигрантско потекло, покажуваат официјалните бројки, објавени денеска. Ова значи дека или тие, или барем еден од нивните родители, нема германско државјанство, јави ДПА.
-
Владата одлучи: Се укинува носењето маски во затворен простор
На денешната седница на Владата e донесена одлука за укинување на мерката за задолжително носење маски во затворeни простории.
-
Цементарница Усје ВРАБОТУВА - Плати од: 32.000 до 38.000 денари
Доколку имате желба да бидете дел од успешен тим и сакате да ги остварите своите амбиции и визија, доколку сте креативни, посветени, насочени кон постигнување резултати и размислувате долгорочно, станете дел од една од најуспешните компании во земјата.