Актуелно
Во рубриката актуелно ве информираме за сите новости кои се однесуваат на пазарот на трудот во Македонија и светот. Вработеноста, вработувањето, просечната плата и Законот за работни односи се теми кои редовно ги следиме и за кои секојдневно информираме. Барањето работа ќе ви биде значително полесен процес доколку сте информирани за новостите кои ние ви ги подготвуваме. Вестите за пазарот на трудот се идеални за луѓе кои бараат работа, работодавци, претприемачи и вработени професионалци. Многумина ќе ги интересира и како сме се посрамотиле на работа, дали одиме на работа настинати, дали ја работиме работата што ја сакаме, дали создаваме пријателства на работното место и какви се резултатите од популарните анкети објавени на порталот Vrabotuvanje.com.mk. Информираме и за одредени вести од сферата на економијата и бизнисот, но најважното подрачје за нас останува пазарот на трудот. Тука се и актуелностите од сферата на човечките ресурси, условите за работа и најновите истражувања на порталот Vrabotuvanje.com.mk. Најпопуларни теми се истражувањата за големината на платата, кој е најдобар работодавач во Македонија, дали сакаат македонските работници да работат во странство и останати полесни теми како што се уредност на работа и пиење кафе на работното место.
-
Од пракса до кариера во НЕЛТ - Започнете го вашиот кариерен пат во нашата компанија
Затоа што сте: Енергични, Посветени! Сакате успех! Бидете дел од НЕЛТ СТ!
-
Во Европа килограм свинско 20 евра, не очекува ли и нас ваков ценовен шок?
Зголемените трошоци за добиточна храна и другите влезни трошоци значително ги зголемија и цените на месото. Освен пилешкото кое е поскапено од 30 до 40 отсто, пораснаа и цените на јунешкото, јагнешкото…. Цената на свинското засега стагнира, поради свинската чума која неодамна се појави кај нас, како и поради фактот што голем дел од сточарите се откажуваат од чување на свињи поради скапата храна. Но како во Европа каде килограм свинско стигна до 20 евра, според производителите и кај нас се очекува раст на цената на свинското.
-
Во Словенија пензионерите чии примања се помали од 1.000 евра ќе добијат помош од 150 евра
На оние словенечки пензионери чија пензија во декември минатата година им била помала од 1.000 евра, денеска ќе добијат еднократен т.н. енергетски ваучер вреден 150 евра за да се справат со растечките сметки за енергија.
-
ОД ИДЕЈА ДО БИЗНИС НА STARTUP WEEKEND SKOPJE
Од 6ти до 8ми мај во Инофеит
-
„Горди сме на тимскиот дух“ - Жените од DS Smith дел од Женската трка
17 Жени активно одговорија на предизвикот
-
Ќе се градат четири сончеви електрани во РЕК Битола
АД ЕСМ подготвува изградба на четири фотонапонски електрани со вкупна инсталирана моќност од 280 мегавати во РЕК Битола. Како што информираат од компанијата, првата електрана од 20 мегавати ќе биде лоцирана во самиот круг на комбинатот, веднаш до Термоелектраната.
-
Вработи се во КАЗ ГРУП - рок за аплицирање ДО ПОЛНОЌ!
Компанијата нуди: oрганизиран превоз и работно време од 07:30 до 15:30 часот
-
Гази Баба за првпат со субвенции за велосипеди
Општина Гази Баба објави Јавен повик за субвенционирање на граѓаните на подрачјето на општина Гази Баба за купување на велосипеди за 2022 година.
-
ГККШ: Усвоени предлозите за укинување на обврската за носење маски во затворен простор
На петта седница на Главниот координативен кризен штаб беа усвоени повеќе заклучоци од одлуки и препораки на Комисијата за заразни болести. Заклучоците ќе бидат доставени до Владата која за нив ќе одлучува на следната Владина седница.
-
На определено време да се работи до 6 месеци, плата да се прима порано
Бизнис секторот со сериозни забелешки околу предлог измените во Законот за работни односи кој е во собраниска процедура.