Актуелно
Во рубриката актуелно ве информираме за сите новости кои се однесуваат на пазарот на трудот во Македонија и светот. Вработеноста, вработувањето, просечната плата и Законот за работни односи се теми кои редовно ги следиме и за кои секојдневно информираме. Барањето работа ќе ви биде значително полесен процес доколку сте информирани за новостите кои ние ви ги подготвуваме. Вестите за пазарот на трудот се идеални за луѓе кои бараат работа, работодавци, претприемачи и вработени професионалци. Многумина ќе ги интересира и како сме се посрамотиле на работа, дали одиме на работа настинати, дали ја работиме работата што ја сакаме, дали создаваме пријателства на работното место и какви се резултатите од популарните анкети објавени на порталот Vrabotuvanje.com.mk. Информираме и за одредени вести од сферата на економијата и бизнисот, но најважното подрачје за нас останува пазарот на трудот. Тука се и актуелностите од сферата на човечките ресурси, условите за работа и најновите истражувања на порталот Vrabotuvanje.com.mk. Најпопуларни теми се истражувањата за големината на платата, кој е најдобар работодавач во Македонија, дали сакаат македонските работници да работат во странство и останати полесни теми како што се уредност на работа и пиење кафе на работното место.
-
Сончево и потопло време со слаб ветер
Времето во Македонија денеска наутро ќе биде постудено, а преку денот сончево и потопло со слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 2, а максималната ќе достигне од 13 до 21 Целзиусов степен.
-
Од денеска поевтинуваат горивата
Од денеска поевтинуваат горивата
-
Дел од вработените ќе можат доброволно да одат на принуден одмор
АД ЕСМ, во договор и со поддршка на Синдикатот на компанијата, донесе одлука да им се овозможи на вработените доброволно да се пријавуваат за прекин на работниот процес од деловни причини, за период од најмногу два месеци, односно во период на траење на енергетската криза, со исплата на 70 отсто од месечната плата на работникот.
-
Пензиите ќе продолжат да се исплаќаат предвремено на крајот од месецот
На почетокот на пандемијата предизвикана од Ковид 19, со цел спречување на ширење на вирусот, со Заклучок на Владата на РСМ, беше однесена одлука, за предвремена и етапна исплата на пензиите, на крајот на месецот, за пензии кои се однесуваат на тековниот месец.
-
Следи нова опасност: По ерупцијата на Сонцето, издадено е предупредување за геомагнетна бура на Земјата
Силната соларна бура би можела да ја направи северната поларна светлина, или aurora borealis, видлива од Обединетото Кралство на почетокот на оваа недела, велат британските експерти.
-
Словенија се враќа на „старото нормално“ : Носење маски во затворено само по препорака
Словенија е меѓу првите земји од Балканот кои се подготвува за укинување на последните рестриктивни мерки поврзани со пандемијата на ковид-19 во земјата. Ова меѓудругото го најави словенечкиот министер за здравство Јанез Поклукар.
-
Пописот покажа дека населението старее, а за неколку години ќе останеме без работници
Дали 3 до 5 години Македонија ќе има сериозен недостиг на работна сила?
-
Македонија петта во светот по раст на туристи за 2021 година
Одлични резултати за македонскиот туризам, според најновите статистики на Светската туристичка организација (UNWTO), РС Македонија за 2021 година забележала раст на меѓународни туристички пристигнувања од 139%.
-
„Брако“ инвестира во фотоволтаик кој што ќе обезбеди 40 отсто од потребите за струја на фабриката
Фотоволтаикот во „Брако“ ќе обезбеди 40 проценти од електричната енергија што ја троши компанијата и ќе редуцира 2000 тона CO2e на годишно ниво.
-
Раст на онлајн трансакциите во 2021 година
Вкупно 14,6 милиони онлајн трансакции се реализирани минатата година што претставува пораст од 38,7 проценти во споредба со 2020 година кога имаше вкупно 10,6 милион трансакции.