Актуелно
Во рубриката актуелно ве информираме за сите новости кои се однесуваат на пазарот на трудот во Македонија и светот. Вработеноста, вработувањето, просечната плата и Законот за работни односи се теми кои редовно ги следиме и за кои секојдневно информираме. Барањето работа ќе ви биде значително полесен процес доколку сте информирани за новостите кои ние ви ги подготвуваме. Вестите за пазарот на трудот се идеални за луѓе кои бараат работа, работодавци, претприемачи и вработени професионалци. Многумина ќе ги интересира и како сме се посрамотиле на работа, дали одиме на работа настинати, дали ја работиме работата што ја сакаме, дали создаваме пријателства на работното место и какви се резултатите од популарните анкети објавени на порталот Vrabotuvanje.com.mk. Информираме и за одредени вести од сферата на економијата и бизнисот, но најважното подрачје за нас останува пазарот на трудот. Тука се и актуелностите од сферата на човечките ресурси, условите за работа и најновите истражувања на порталот Vrabotuvanje.com.mk. Најпопуларни теми се истражувањата за големината на платата, кој е најдобар работодавач во Македонија, дали сакаат македонските работници да работат во странство и останати полесни теми како што се уредност на работа и пиење кафе на работното место.
-
Авиокомпаниите најавуваат поскапи билети
Авиокомпаниите релативно брзо ќе го пренесат растот на цената на нафтата на патниците преку повисоки цени, но скокот на трошоците за енергија ќе ја влоши севкупната перспектива на индустријата во 2022 година, изјави шефот на Меѓународната асоцијација за воздушен транспорт.
-
Германска компанија вработува во Скопје - бараме кандидати СО или БЕЗ работно искуство
Libra GmbH, е компанија основана од страна на искусни професионалци со долгогодишно искуство и бројни успешно реализирани проекти во областа на изградба на оптичка мрежа за интернет и нејзино одржување.
-
Граѓаните да го подмират данокот на имот заради избегнување на дополнителни трошоци
ЗЕЛС ги информира граѓаните дека во општините во тек е постапката за доставување на решенијата за данок на имот и решенијата за комунална такса фирмарина за 2022 година.
-
Горивата поевтинуваат од полноќ
Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука за новата цена на горивата која ќе важи од полноќ.
-
ОД ДЕНЕСКА: Линијата „4“ на ЈСП со нова траса на движење
Од денеска, понеделник (11.04.2022) автобусите кои сообраќаат на линија 4 во реонот на Ѓорче Петров се движат по нова, изменета траса од досегашната, односно минуваат од кај пазарчето и црквата.
-
ЈСП со нов билет за неограничени возења во еден ден
Од денеска, понеделник (11.04.2022година) во билетарниците и центрите за персонализација на ЈСП Скопје пуштен е во продажба дневен билет кој чини 120 ден и важи за повеќекратно користење на сите линии во текот на еден ден.
-
Среде април утрово измерени - 4 степени: Еве какво време не очекува
Во Маврови Анови изутрина се измерени – 4 степени, а во Претор и Крушево -1, додека во останатите делови од државава утринските темрепатури се над нулата.
-
Денеска нова одлука за цената на горивата
Нова цена на горивата ќе биде утврдена денес, на состанокот на Регулаторната Комисија за Енергетика.
-
Јагнето се бара се повеќе, понудата се помала
Македонското јагне се бара на странските пазари, но понудата е сѐ помала. Побарувањата се уште поголеми, но се јавува недостиг од јагнешко месо, констатираат од кланичката индустрија.
-
Грција ќе ги укине сите мерки за коронавирусот - еве од кога ќе важи одлуката!
Грција ќе ги укине сите мерки за коронавирусот до крајот на летово, е одлуката што денеска ја соопшти грчкиот министер за здравство.