Актуелно
Во рубриката актуелно ве информираме за сите новости кои се однесуваат на пазарот на трудот во Македонија и светот. Вработеноста, вработувањето, просечната плата и Законот за работни односи се теми кои редовно ги следиме и за кои секојдневно информираме. Барањето работа ќе ви биде значително полесен процес доколку сте информирани за новостите кои ние ви ги подготвуваме. Вестите за пазарот на трудот се идеални за луѓе кои бараат работа, работодавци, претприемачи и вработени професионалци. Многумина ќе ги интересира и како сме се посрамотиле на работа, дали одиме на работа настинати, дали ја работиме работата што ја сакаме, дали создаваме пријателства на работното место и какви се резултатите од популарните анкети објавени на порталот Vrabotuvanje.com.mk. Информираме и за одредени вести од сферата на економијата и бизнисот, но најважното подрачје за нас останува пазарот на трудот. Тука се и актуелностите од сферата на човечките ресурси, условите за работа и најновите истражувања на порталот Vrabotuvanje.com.mk. Најпопуларни теми се истражувањата за големината на платата, кој е најдобар работодавач во Македонија, дали сакаат македонските работници да работат во странство и останати полесни теми како што се уредност на работа и пиење кафе на работното место.
-
Пријавете се за одлична летна работа во Хрватска: ОБЕЗБЕДЕНО СМЕСТУВАЊЕ И ХРАНА!
Ве очекуваме во тимот!
-
Нови цени на горивата ќе има од полноќ
Нови цени на гoривата ќе има од полноќ. РКЕ новите цени треба да ги соопшти по одржаниот состанок, кои ќе важат од вечер од полноќ, по што дополнително ќе информираме.
-
И судиите се креваат на протест, се жалат дека платите им се ниски
Управниот одбор на Здружението на судиите на Република Македонија (ЗСРСМ) бара целосно исполнување на барањата дефинирани во Стратегијата и Предлог-активностите за реализација на Стратегијата за подобрување на материјалниот статус на судиите по сите 6 точки, доставени до Министерството за правда и надлежните судски институции, информираат Управен одбор на ЗСРСМ.
-
Средношколци учат како да работат во погон и за тоа добиваат надоместок 3.000 денари
Проектот „Учи паметно, работи стручно“ веќе втора година е дел од образовниот систем. Има за цел да го унапреди средното стручно образование, да го зајакне дуалното образование, да продуцира стручни профили согласно потребите на пазарот на труд и да ја зголеми вработеноста на младите. Во средните стручни училишта има т.н. дуални паралелки, односно опција учениците да одат на пракса во компании, за да се оспособат за работа по завршувањето на образованието.
-
Во администрацијата повторно се исплатени плати од 14.500 денари?!
На 7-ми и 8 април, целата администрација и правосудството, сите фондови и агенции, нема да работат од 10 до 13 часот.
-
36.768 денари се потребни за минимални трошоци за едно семејство
Минималните трошоци на едно четиричлено семејство во март изнесуваат 36.768 денари, објави денеска Сојузот на синдикати на Македонија, кој секој месец ја прави пресметката на синдикалната минимална кошничка.
-
Станови во Скопје се бараат „како алва“ - затоа и толку многу ги има!
Пописот потврди - зголемен е бројот на станови во Скопје. На подрачјето на Скопје има вкупно 213.850 станови што е пораст во однос на 2002 година за 30,6%.
-
Децата мора да бидат примени во градинка и училиште, но како да се најдат заменски учители?
Законот за детска заштита вели дека градинките мора да ги згрижат децата и во услови на штрајк. Директорите на детските градинки треба да се обратат до општините за сите оние кои што ќе штрајкуваат да бидат заменети додека трае штрајкот, така мора да работат. Легитимно право е да се штрајкува, меѓутоа и по закон и по Устав е децата мора да бидат згрижени, изјавија од Министерството за труд и социјална политика (МСТП).
-
Денес сончево и потопло време
Под влијание на стабилна, сува и ЗНАЧИТЕЛНО ПОТОПЛА воздушна маса од југ, денес и утре времето во Македонија ќе биде сончево и ЗНАЧИТЕЛНО ПОТОПЛО со мала до умерена локална облачност.
-
Минималната потрошувачка кошничка во март 36.768 денари, зголемена за илјада денари од почетокот на годината
Минималните трошоци на едно четиричлено семејство во март изнесуваат 36.768 денари, објави денеска Сојузот на синдикати на Македонија, кој секој месец ја прави пресметката на синдикалната минимална кошничка