Актуелно
Во рубриката актуелно ве информираме за сите новости кои се однесуваат на пазарот на трудот во Македонија и светот. Вработеноста, вработувањето, просечната плата и Законот за работни односи се теми кои редовно ги следиме и за кои секојдневно информираме. Барањето работа ќе ви биде значително полесен процес доколку сте информирани за новостите кои ние ви ги подготвуваме. Вестите за пазарот на трудот се идеални за луѓе кои бараат работа, работодавци, претприемачи и вработени професионалци. Многумина ќе ги интересира и како сме се посрамотиле на работа, дали одиме на работа настинати, дали ја работиме работата што ја сакаме, дали создаваме пријателства на работното место и какви се резултатите од популарните анкети објавени на порталот Vrabotuvanje.com.mk. Информираме и за одредени вести од сферата на економијата и бизнисот, но најважното подрачје за нас останува пазарот на трудот. Тука се и актуелностите од сферата на човечките ресурси, условите за работа и најновите истражувања на порталот Vrabotuvanje.com.mk. Најпопуларни теми се истражувањата за големината на платата, кој е најдобар работодавач во Македонија, дали сакаат македонските работници да работат во странство и останати полесни теми како што се уредност на работа и пиење кафе на работното место.
-
СЛАВЧО ПОПОСКИ СО УБАВИ ВЕСТИ: Доаѓа топол бран, еве кога
Утре и во сабота времето ќе биде сончево и ЗНАЧИТЕЛНО ПОТОПЛО со мала до умерена локална облачност
-
На граничниот премин Прешево-Табановце поставена табла „Отворен Балкан“
На влезот на граничниот премин Прешево-Табановце има ознака „Open Balkan“ со која се означува лентата наменета за превозници на компании од Србија, Македонија и Албанија со статус на овластен деловен субјект (AEO)
-
Ford го прекина производството на Fiesta во Келн
Ford го прекина производството во германската фабрика во Келн.
-
ОД ПОЛНОЌ НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА!
Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,55 % во однос на одлуката од 04.04.2022 година.
-
СКОК НА ЦЕНИТЕ! Еве за колку поскапело се
Трошоците на живот во март се зголемени за 8,8 проценти во споредба со март лани, а цените на мало за 9,6 проценти. Во однос на февруари има зголемување за 1,6 проценти, а кај цените на мало за 1,5 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика.
-
Пораст на извозот, увозот и бројот на вработени во технолошко-индустриските развојни зони
Во технолошко - индустриските развојни зони е регистрирана највисока економска активност во првиот квартал од годината и во однос на извозот и во однос на увозот, покажува редовната месечна анализа на ТИРЗ.
-
Вработените во администрацијата кои не примиле покачена минимална плата, разликата ќе ја добијат по усвојување на законски измени кои се во Собрание
Сите вработени во јавниот сектор кои нема да добијат минимална плата за март во износ од 18 илјади денари, разликата ќе ја добијат откако во Собранието ќе бидат усвоени законските решенија кои тоа треба да го овозможат.
-
Ниедно дете нема да биде вратено од градинките и покрај штрајкот на СОНК
Градинките ќе примаат деца и покрај најавите на СОНК за штрајк, кои ќе се остварат доколку до понеделник не биде постигнат договор за барањата на синдикатот, додека основните училишта се поделени според прашањето за одржување на настава во случај на штрајк, судејќи според одговорите на неколку директори на скопските образовни институции.
-
(Видео) Само еден стан по кат: Заврши изградбата на најтенкиот облакодер во светот
Новиот рeпер на хоризонтот на Големото јаболко има рекорден сооднос висина-ширина од 24:1 и може да смести само еден луксузен апартман по кат.
-
Доколку планирате одмор во Црна Гора ова би требало да го знаете: Носењето маски е задолжително на овие места, а еве кои мерки сè уште важат
Директорот на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) Игор Галиќ денеска изјави дека Советот на Владата на Црна Гора донел мерки во борбата против коронавирусот, кои ќе важат од 8 до 22 април.