Актуелно
Во рубриката актуелно ве информираме за сите новости кои се однесуваат на пазарот на трудот во Македонија и светот. Вработеноста, вработувањето, просечната плата и Законот за работни односи се теми кои редовно ги следиме и за кои секојдневно информираме. Барањето работа ќе ви биде значително полесен процес доколку сте информирани за новостите кои ние ви ги подготвуваме. Вестите за пазарот на трудот се идеални за луѓе кои бараат работа, работодавци, претприемачи и вработени професионалци. Многумина ќе ги интересира и како сме се посрамотиле на работа, дали одиме на работа настинати, дали ја работиме работата што ја сакаме, дали создаваме пријателства на работното место и какви се резултатите од популарните анкети објавени на порталот Vrabotuvanje.com.mk. Информираме и за одредени вести од сферата на економијата и бизнисот, но најважното подрачје за нас останува пазарот на трудот. Тука се и актуелностите од сферата на човечките ресурси, условите за работа и најновите истражувања на порталот Vrabotuvanje.com.mk. Најпопуларни теми се истражувањата за големината на платата, кој е најдобар работодавач во Македонија, дали сакаат македонските работници да работат во странство и останати полесни теми како што се уредност на работа и пиење кафе на работното место.
-
Железницата исчезнува: Возовите со нов рекорд на најмалку превезени патници
Патничкиот железнички сообраќај во Македонија и во 2021 година продолжил да руши неславни историски бројки според бројот на превезени патници.
-
Германија ги укина мерките за корона
Германија ги укина скоро сите ограничувања за коронавирусот.
-
Македонија ќе треба да увезува работници
Пописот покажа дека Македонија го губи младото и работоспособното население. Бизнисот предупредува дека земјава останува без работници и дека ќе биде принудена да увезува од странство. Економските аналитичари порачуваат државата да почне со реформи со кои ќе се спречат ваквите негативни трендови.
-
МОН ќе презентира нова дигитална услуга – електронски уписи во средните училишта
Министерството за образование и наука денеска ќе ја презентира новата дигитална услуга – „Електронски уписи на ученици во средни училишта“.
-
Зголемени цените на угостителските услуги
Цените на угостителските услуги во март годинава се зголемени за 2,7 отсто во споредба со претходниот месец, а во однос на март 2021 година пораснале за 7,1 отсто.
-
Комерцијална банка ќе започне со исплата на дивиденда на 27 април
Комерцијална банка АД Скопје ги известува своите акционери дека почнувајќи од 27.04.2022 година ќе врши исплата на дивиденда за 2021 година. Право на исплата на дивиденда за 2021 година имаат сите акционери на Комерцијална банка кои се евидентирани во книгата на акции на 14.04.2022 година.
-
Договорен увоз на пченица и од Бугарија
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство доцна синоќа соопшти дека е договорен увоз на пченица и од Бугарија.
-
Рекордни цени и масовна побарувачка за недвижнини во Македонија
Не само што масовно се гради, туку и цените за метар квадратен уриваат рекорди.
-
Сончево и потопло со мала до умерена локална облачност
Денес времето во Македонија ќе биде сончево и ПОТОПЛО со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец и истиот особено долж повардарието ќе засилува на интензитет. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 14 до 20 степени, вели временската прогноза на Славчо Попоски.
-
Платата на негувателите и стручните работници ќе се усогласи со минималната
Владата ги утврди и изменувањата и дополнувањата на Законот за пензиското и инвалидското осигурување