Актуелно
Во рубриката актуелно ве информираме за сите новости кои се однесуваат на пазарот на трудот во Македонија и светот. Вработеноста, вработувањето, просечната плата и Законот за работни односи се теми кои редовно ги следиме и за кои секојдневно информираме. Барањето работа ќе ви биде значително полесен процес доколку сте информирани за новостите кои ние ви ги подготвуваме. Вестите за пазарот на трудот се идеални за луѓе кои бараат работа, работодавци, претприемачи и вработени професионалци. Многумина ќе ги интересира и како сме се посрамотиле на работа, дали одиме на работа настинати, дали ја работиме работата што ја сакаме, дали создаваме пријателства на работното место и какви се резултатите од популарните анкети објавени на порталот Vrabotuvanje.com.mk. Информираме и за одредени вести од сферата на економијата и бизнисот, но најважното подрачје за нас останува пазарот на трудот. Тука се и актуелностите од сферата на човечките ресурси, условите за работа и најновите истражувања на порталот Vrabotuvanje.com.mk. Најпопуларни теми се истражувањата за големината на платата, кој е најдобар работодавач во Македонија, дали сакаат македонските работници да работат во странство и останати полесни теми како што се уредност на работа и пиење кафе на работното место.
-
Првпат годинава не е пријавен ниту еден смртен случај од ковид за 24 часа
Во текот на последното деноноќие направени се вкупно 2 212 теста, а регистрирани се 236 нови позитивни случаи на ковид од кои 38 се реинфекции со вирусот
-
Факултети.мк денес слави 11 години постоење!
На денешен ден пред 11 години Факултети.мк се појави на македонската дигитална медиумска сцена и оттогаш станува препознатлив и реномиран портал кој со своите интересни, актуелни и разновидни теми им го привлекува вниманието на читателите
-
Во четврток и петок два часа нема да работат судовите и државните управи во знак на протест поради платите
Вработените во правосудството во четврток и петок ќе ја прекинат работата два часа, од 10 до 12 часот.
-
Јавен повик за субвенционирање на микро, мали и средни претпријатија и занаетчии
Министерството за економија согласно Програмата за развој на претприемништвото и конкурентноста на мали и средни претпријатија за 2022 година објави два јавни повици за поддршка на домашните компании.
-
Невработените кои сакаат свој бизнис од денеска можат да аплицираат за помош од 5 до 10 илјади евра
Невработените лица и работодавачите од денес ќе можат да аплицираат за мерките – Самовработување, Практиканство и Вработување и раст на правни субјекти.
-
Средношколците бараат бесплатен автобуски и железнички превоз во сите региони од државата во текот на целата година
Сојузот на средношколци подготви закон за изменување и дополнување на Законот за средното образование со кои ќе се воведе правилен превоз за сите средношколци на територија на целата држава.
-
Околу 3.8 милиони Германци никогаш не користеле интернет
Околу шест отсто од германските државјани на возраст од 16 до 74 години, никогаш не користеле интернет, покажаа официјални податоци објавени денеска, јави ДПА.
-
Германија ја укинува изолацијата за позитивните на коронавирус
Во Германија од 1 мај заразените со Ковид-19 нема да одат во изолација. Карантинот ќе биде само на доброволна основа, изјави министерот за здравство Карл Лаутербах.
-
Дали Скопје може да биде Smart City? - Функционален, чист и убав!
Со доаѓањето на пролетта се повеќе скопјани се одлучуваат за велосипедот како превозно средство. Освен што е корисно за здравјето, на тој начин придонесуваме и за животната средина, но, е и начин да се избегнат нервозните возачи и пешаци.
-
Како е да се биде стјуардеса? Дознајте од Моника, македонка вработена во Qatar Airways
Моника Стаменковска од Македонска Каменица веќе 5 години работи како стјуардеса и бренд амбасадор на Qatar Аirways. Како е да се живее во Доха, какви се работните задачи и колкава е заработката прочитајте во интервјуто подолу...