Актуелно
Во рубриката актуелно ве информираме за сите новости кои се однесуваат на пазарот на трудот во Македонија и светот. Вработеноста, вработувањето, просечната плата и Законот за работни односи се теми кои редовно ги следиме и за кои секојдневно информираме. Барањето работа ќе ви биде значително полесен процес доколку сте информирани за новостите кои ние ви ги подготвуваме. Вестите за пазарот на трудот се идеални за луѓе кои бараат работа, работодавци, претприемачи и вработени професионалци. Многумина ќе ги интересира и како сме се посрамотиле на работа, дали одиме на работа настинати, дали ја работиме работата што ја сакаме, дали создаваме пријателства на работното место и какви се резултатите од популарните анкети објавени на порталот Vrabotuvanje.com.mk. Информираме и за одредени вести од сферата на економијата и бизнисот, но најважното подрачје за нас останува пазарот на трудот. Тука се и актуелностите од сферата на човечките ресурси, условите за работа и најновите истражувања на порталот Vrabotuvanje.com.mk. Најпопуларни теми се истражувањата за големината на платата, кој е најдобар работодавач во Македонија, дали сакаат македонските работници да работат во странство и останати полесни теми како што се уредност на работа и пиење кафе на работното место.
-
Најмоќната компанија во светот слави роденден
Бројни постари производи на Apple се изложени во просторијата на една компанија со седиште во Дубаи
-
Поради недостиг на масло, Германија ќе го тргне помфритот од сите менија
Бидејќи цената на маслото за јадење скокна, некои германски ресторани ги отстрануваат популарните класични јадења од своето мени. Така на пример раководството од пиварницата „Гафел ам Дом“ во Келн го тргна помфритот од своето мени.
-
Од полноќ поевтинуваат дизелот и екстра лесното масло за домаќинство, цените на бензините остануваат исти
Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) од ноќеска на полноќ се намалуваат за 2,00 денари за литар.
-
Утре над 500 домашни и странски тркачи ќе учествуваат во трката Водно-Матка Треилс
Утре, 2 април ќе се одржи еднодневен спортски настан – трка во планинско трчање Водно-Матка Треилс.
-
Можно е Грција да го продолжи времетраењето на сертификатите согласно препораките од ЕУ
Веројатно е времетраењето на сертификатите за вакцинација и прележан Ковид-19 во Грција што сега е седум, односно три месеци, да се усогласи со времетраењето на европските сертификати, по препораката од Европската комисија до членките на ЕУ
-
„Мудро без хартија“ – кампања на НЛБ Банка за промоција на деловно работење без хартија
Кампањата „Мудро без хартија“, која се реализира на ниво на НЛБ Групацијата, се однесува за сите вработени во Банката
-
Граѓаните и во 2022 година ќе имаат можност да добијат поддршка за станбен кредит преку проектот „Купи куќа, купи стан“
Министерството за финансии ќе објави нов повик за Проектот „Купи куќа, купи стан“ на кој заинтересираните граѓанит ќе може да аплицираат за субвенциониран кредит за обезбедување свој нов дом. Информацијата за спроведување на проектот и негово продолжување во 2022 година со предлог да се објави нов повик беше усвоена на седница на Владата на РС Македонија.
-
Од јуни ќе има блок тарифи за потрошената струја – поскапо ќе плаќаат оние кои трошат повеќе
Осумдесет отсто од фактурите на нашите домаќинства и мали потрошувачи се субвенционираат преку АД ЕСМ со утврдената цена на електричната енергија од 41 евро за мегават час од страна на Владата
-
Што покажа анкетата: Која странска компанија е најпосакувана за вработување во земјава?
Во последните години сме сведоци на се поголема застапеност на овие компании и нивна експанзија на македонскиот пазар, а како последица на тоа и зголемена побарувачка на работници од пазарот на труд
-
Од денес 80.000 работници ќе земaат минимална плата од 18.000 денари
Од денес, 80.000 вработени, наши сограѓани, работници во различни дејности и индустрии, земаат 18.000 денари минимална плата според последните законски измени и дополнувања за раст на минималната плата од март годинава.