Актуелно
Во рубриката актуелно ве информираме за сите новости кои се однесуваат на пазарот на трудот во Македонија и светот. Вработеноста, вработувањето, просечната плата и Законот за работни односи се теми кои редовно ги следиме и за кои секојдневно информираме. Барањето работа ќе ви биде значително полесен процес доколку сте информирани за новостите кои ние ви ги подготвуваме. Вестите за пазарот на трудот се идеални за луѓе кои бараат работа, работодавци, претприемачи и вработени професионалци. Многумина ќе ги интересира и како сме се посрамотиле на работа, дали одиме на работа настинати, дали ја работиме работата што ја сакаме, дали создаваме пријателства на работното место и какви се резултатите од популарните анкети објавени на порталот Vrabotuvanje.com.mk. Информираме и за одредени вести од сферата на економијата и бизнисот, но најважното подрачје за нас останува пазарот на трудот. Тука се и актуелностите од сферата на човечките ресурси, условите за работа и најновите истражувања на порталот Vrabotuvanje.com.mk. Најпопуларни теми се истражувањата за големината на платата, кој е најдобар работодавач во Македонија, дали сакаат македонските работници да работат во странство и останати полесни теми како што се уредност на работа и пиење кафе на работното место.
-
Огласите во СТРАБАГ, Жито Лукс, ДС СМИТХ, ПроКредит Банка, КИЕЛ истекуваат денеска - Не ја пропуштајте шансата да се вработите!
Шансата да се вработите во некоја од атркативните компании што се понудени во прилог е многу голема, секако доколку имате желба и мотивација за работа. Кликни, дознај и аплицирај - можноста за работа е поблиску од што можете да замислите!
-
Сонцето и ветерот за првпат генерираат 10 проценти од светската електрична енергија
Педесет земји ширум светот добиваат повеќе од една десетина од енергијата од ветерот и сонцето, покажа истражувањето на Ember, британскиот истражувачки центар за климатски промени и енергија, пишува BBC.
-
Започна финалното одбројување до големото отворање на Diamond Mall – новиот трговски центар во строгиот центар на Скопје
Новиот трговски центар Diamond Mall се очекува да биде отворен во март 2023 година. Тој е интегрален дел од мултифункционалниот комплекс Diamond of Skopje што е лоциран во строгиот центар на Скопје.
-
Хрватска: Недостасуваат повеќе од 30.000 сезонски работници
Иако резервациите во моментов се помалку поради украинската криза, Дубровник се подготвува за претсезоната, која вообичаено започнува на Велигден.
-
Грчките епидемиолози контра министерот за здравство: До 1 мај да нема никакво олабавување на антиковид мерките
Ова би значело дека Велигден ќе биде со постоечките мерки, односно задолжителна маска во затворените делови, задолжителен сертификат за речиси сите простори, како и задолжителни тестови за невакцинираните
-
Станови во Центар 1800, во Чаир 1200, во Струга достигна 1300 евра за квадратен метар!
Цените на станбениот простор во земјава не запираат со рушењето на рекорди. Цените за метар квадратен во Скопје надминуваат и 1500 евра, во дел од туристичките места низ Македонија исто така цените вртоглаво пораснаа и речиси го достигниваат нивото на главниот град. Поскапи материјали, зголемени плати на работниците се само дел од причините кои ги наведуваат градежниците за ваквиот тренд. Освен кај новоизградените станови, по нови повисоки цени се продаваат и старите, реновирани станбени единици.
-
Старата практика продолжува – за 1.000 денари долг, треба да се вратат 10.000
Со измените во Законот за облигациони односи кој се подготви минатата година стои дека основната камата не може да биде поголема од основниот долг.
-
Илјада семејства приматели на минимална помош ќе добијат еднократна финансиска помош од 4.865 денари
Во соработка со Црвениот Крст и со поддршка на нашите партнери од ЕУ, австриската Агенција за развој и австрискиот Црвен Крст, обезбедена е дополнителна поддршка, еднократна финансиска помош во висина од 4.865 денари за илјада семејства и домаќинства приматели на гарантирана минимална помош, коишто имаат лица над 69-годишна возраст или лица со попреченост, изјави министерката за труд и социјална политика.Таа посочи дека средствата се наменети за овие домаќинства многу полесно да го поминат овој период на криза.
-
Граѓаните плаќаат паушално "изгор" сметки за струја
Народниот правобранител ќе предложи измени на регулативата за испорака на електрична енергија во делот на обврската за отчитувањето на броилата, откако голем број граѓани се пожалиле дека добиваат високи сметки за струја која не ја потрошиле.
-
Започна МАСТЕРС 2022 натпреварот во Нелт - Победничкиот тим ќе патува на егзотична дестинација
Покрај редовните истражувања за организациската култура и акции за промовирање на организациските вредности, Нелт организира и МАСТЕРС натпревар за своите вработени