Актуелно
Во рубриката актуелно ве информираме за сите новости кои се однесуваат на пазарот на трудот во Македонија и светот. Вработеноста, вработувањето, просечната плата и Законот за работни односи се теми кои редовно ги следиме и за кои секојдневно информираме. Барањето работа ќе ви биде значително полесен процес доколку сте информирани за новостите кои ние ви ги подготвуваме. Вестите за пазарот на трудот се идеални за луѓе кои бараат работа, работодавци, претприемачи и вработени професионалци. Многумина ќе ги интересира и како сме се посрамотиле на работа, дали одиме на работа настинати, дали ја работиме работата што ја сакаме, дали создаваме пријателства на работното место и какви се резултатите од популарните анкети објавени на порталот Vrabotuvanje.com.mk. Информираме и за одредени вести од сферата на економијата и бизнисот, но најважното подрачје за нас останува пазарот на трудот. Тука се и актуелностите од сферата на човечките ресурси, условите за работа и најновите истражувања на порталот Vrabotuvanje.com.mk. Најпопуларни теми се истражувањата за големината на платата, кој е најдобар работодавач во Македонија, дали сакаат македонските работници да работат во странство и останати полесни теми како што се уредност на работа и пиење кафе на работното место.
-
Дали пазарите полека ја губат битката со големите супермаркети?
Зелените пазари полека ја губат битката со големите супермаркети во кои се продава овошје и зеленчук. Причините се најразлични, но како главна причина е можноста на едно место да се набават сите потребни продукти за дома и истовремено да се плати со картичка.
-
Попладне наоблачување, од утре локален дожд
Преку денот ќе биде сончево со зголемување на облачност на запад
-
Suzuki ќе има готов летачки автомобил до 2025 година
Најмногу е позната по своите моторцикли и автомобили, но компанијата Suzuki сака да го прошири полето на работа со возила кои ќе „возат“ по небото
-
Шивачките дуќани во криза се прилагодуваат на потребите на пазарот
Прво короната, а сега и економската криза и поскапувањата ги погодија занаетите особено шивачите и кројачите
-
Велшаните користат рециклирани пелени за асфалтирање патишта
Во Велс постои асфалтен пат за кој се користела мешавина од рециклирани бебешки пелени
-
За утре најавен посебен режим на сообраќај во Скопје
На 27.03.2022 (недела) со почеток во 10.00 часот, во организација на атлетски клуб „Фортиус“, ќе се одржи атлетска трка на 10 км – „Водно 10К“, со траса на движење од долниот паркинг на Средно Водно по регионалниот пат (Р2138) до Манастирот Св.Пантелејмон и обратно.
-
Усвоен предлогот за укинување на обврската за носење маски во основните училишта
Главниот координативен кризен штаб за справување со КОВИД-19 (ГККШ) одлучи да ја прифати препораката на Комисијата за заразни болести и на Владата да ѝ предложи измена на одлуката со која учениците во основните училишта да посетуваат настава без маски, освен ако ученикот по сопствена волја не бара да носи заштитна маска. За наставниците и останатите вработени во училиштата останува препораката за носење маски.
-
Оваа година Велики петок се паѓа на 22 април кој е неработен – Ова се сите неработни денови до крајот на годинава
До крајот на годинава остануваат уште следниве празници кои ќе бидат неработни денови:
-
Прекин на сообраќајот на патниот правец Прилеп – Градско
Патниот правец Прилеп – Градско, на излезот на Прилеп кон Скопје, денеска во периодот од 11.00 до 13.00 часот, ќе има прекин на сообраќај.
-
Шведска ги укинува сите антиковид мерки
Нема потреба ни од тест ни од сертификат