Актуелно
Во рубриката актуелно ве информираме за сите новости кои се однесуваат на пазарот на трудот во Македонија и светот. Вработеноста, вработувањето, просечната плата и Законот за работни односи се теми кои редовно ги следиме и за кои секојдневно информираме. Барањето работа ќе ви биде значително полесен процес доколку сте информирани за новостите кои ние ви ги подготвуваме. Вестите за пазарот на трудот се идеални за луѓе кои бараат работа, работодавци, претприемачи и вработени професионалци. Многумина ќе ги интересира и како сме се посрамотиле на работа, дали одиме на работа настинати, дали ја работиме работата што ја сакаме, дали создаваме пријателства на работното место и какви се резултатите од популарните анкети објавени на порталот Vrabotuvanje.com.mk. Информираме и за одредени вести од сферата на економијата и бизнисот, но најважното подрачје за нас останува пазарот на трудот. Тука се и актуелностите од сферата на човечките ресурси, условите за работа и најновите истражувања на порталот Vrabotuvanje.com.mk. Најпопуларни теми се истражувањата за големината на платата, кој е најдобар работодавач во Македонија, дали сакаат македонските работници да работат во странство и останати полесни теми како што се уредност на работа и пиење кафе на работното место.
-
Дали бесплатниот превоз за пензионери е паметна одлука?
Додека за едни ваквата одлука е сосема оправдана и повеќе од потребна, за други е сосема неоправдана и ризична бидејќи стравуваат од дополнителни турканици во и онака полните автобуси, што значи и зголемена можноста за ширење на коронавирусот.
-
Се разработуваат можности за намалување на цените на патарините
Дали постои можност да се намалат цените на патарините?
-
"Преспанското езеро умира буквално пред нашите очи, следно е Охридското"
Преспанското езеро умира буквално пред нашите очи, вели д-р Златко Левков од Институтот по биологија во Скопје.
-
Струјата за март поскапува за повеќе од 40 отсто! Еве за кои фирми
Сите приватни фирми, државни институции, јавни претпријатија и министерства кои се обврзале од снабдувачи да купуваат струја по цена од берзата ХУПЕКС во март ќе платат струја поскапа над 40 отсто од февруарската сметка.
-
Нови цени на горивата: Поскапуваат бензините и дизелот
Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 3,60% во однос на одлуката од 23.03.2022 година.
-
Швајцарија го изгради најголемиот станбен комплекс, го споредуваат со Менхетн (ВИДЕО)
Le Lignon е најголемиот станбен комплекс во Швајцарија и еден од најголемите во светот, а поради неговата големина некои го сметаат град во мало
-
Криза во автомобилската индустрија: И Ауди го прекина производството
Поради актуелната геополитичка ситуација, Audi е принуден да го прекине производството
-
Само 8 отсто од граѓаните веруваат во македонското судство
Јавноста нема доверба во судството
-
Македонски граѓани кои имаат автомобили со бугарски таблици вратени од граница!
Според сведочењата на наши сограѓани, само во петокот на Деве Баир биле вратени стотина македонски граѓани со автомобили со бугарски регистарски таблички.
-
Официјално отворена фабриката на Tesla во Германија
Американскиот бренд ги произведе првите примероци на Model Y создадени на европско тло