Актуелно
Во рубриката актуелно ве информираме за сите новости кои се однесуваат на пазарот на трудот во Македонија и светот. Вработеноста, вработувањето, просечната плата и Законот за работни односи се теми кои редовно ги следиме и за кои секојдневно информираме. Барањето работа ќе ви биде значително полесен процес доколку сте информирани за новостите кои ние ви ги подготвуваме. Вестите за пазарот на трудот се идеални за луѓе кои бараат работа, работодавци, претприемачи и вработени професионалци. Многумина ќе ги интересира и како сме се посрамотиле на работа, дали одиме на работа настинати, дали ја работиме работата што ја сакаме, дали создаваме пријателства на работното место и какви се резултатите од популарните анкети објавени на порталот Vrabotuvanje.com.mk. Информираме и за одредени вести од сферата на економијата и бизнисот, но најважното подрачје за нас останува пазарот на трудот. Тука се и актуелностите од сферата на човечките ресурси, условите за работа и најновите истражувања на порталот Vrabotuvanje.com.mk. Најпопуларни теми се истражувањата за големината на платата, кој е најдобар работодавач во Македонија, дали сакаат македонските работници да работат во странство и останати полесни теми како што се уредност на работа и пиење кафе на работното место.
-
ОД ПОЛНОЌ НОВА ЦЕНА НА ГОРИВАТА: РКЕ ќе носи нова одлука
Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) во текот на денов ќе донесе нова одлука за цената на нафтените деривати што ќе важи од ноќеска на полноќ
-
Се отвора првата европска фабрика за електромобили на „Тесла“
„Тесла“ денеска ја отвора својата нова фабрика за електрични автомобили во околината на Берлин
-
Просечната месечна нето-плата во јануари изнесувала 29.980 денари
Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во јануари годинава изнесува 29.980 денари и е за 6 отсто повисока отколку во истиот месец лани. Просечната бруто-плата, пак, изнесува 44.762 денари и е за 6,1 отсто повисока отколку во јануари 2021 година
-
Instagram воведува нова опција
Социјалната мрежа Instagram ја воведе опцијата за означување производи, која засега им е достапна само на корисниците во САД
-
Комисија за заразни болести: Доколку постои можност ќе предлагаме постепено релаксирање на мерките
На денешната средба на Комисијата за заразни болести била разгледана актуелната епидемиолошка состојба и се дискутирало, како што информираат од таму, во насока на интензивирање на кампањата за вакцинација против Ковид-19, преку пласирање научно проверени информации преку социјални мрежи и медиуми, со цел соодветно да се информира и едуцира јавноста за безбедноста и ефикасноста на вакцините.
-
Нови портални семафори: Ова се улиците каде има подобра сообраќајна регулација
Пуштени во функција нови портални семафори на крстосница меѓу булевар Босна и Херцеговина и улица Лазар Трповски
-
Google Classroom ќе им даде на наставниците подобар увид во напредокот на учениците
Google ќе ја воведе претстојната функција „комплети за вежбање“ во Classroom, која им овозможува на наставниците да го мерат напредокот преку автоматски оценети задачи. Студентите можат да видат повратни информации во реално време за нивните одговори и можат да бараат совет преку објаснувања и видеа.
-
Странска компанија специјализирана за обезбедување услуги за наплата и откуп на заостанати побарувања, вработува во Скопје!
ODM Collections doo е компанија специјализирана за управување со побарувања преку обезбедување услуги за наплата и откуп на заостанати побарувања.
-
Започнува бесплатниот превоз за возрасните лица
Од петок започнува да важи одлуката за бесплатен јавен превоз за возрасни лица. Бесплатниот превоз се однесува на категоријата лица – жени над 62 години и мажи над 64 години и ќе важи во вторник, петок, сабота и недела...
-
Ниту една земја не ги исполни стандардите за квалитет на воздухот на СЗО во 2021
Бангладеш останува најзагадената земја, Њу Делхи најзагадениот главен град.