Актуелно
Во рубриката актуелно ве информираме за сите новости кои се однесуваат на пазарот на трудот во Македонија и светот. Вработеноста, вработувањето, просечната плата и Законот за работни односи се теми кои редовно ги следиме и за кои секојдневно информираме. Барањето работа ќе ви биде значително полесен процес доколку сте информирани за новостите кои ние ви ги подготвуваме. Вестите за пазарот на трудот се идеални за луѓе кои бараат работа, работодавци, претприемачи и вработени професионалци. Многумина ќе ги интересира и како сме се посрамотиле на работа, дали одиме на работа настинати, дали ја работиме работата што ја сакаме, дали создаваме пријателства на работното место и какви се резултатите од популарните анкети објавени на порталот Vrabotuvanje.com.mk. Информираме и за одредени вести од сферата на економијата и бизнисот, но најважното подрачје за нас останува пазарот на трудот. Тука се и актуелностите од сферата на човечките ресурси, условите за работа и најновите истражувања на порталот Vrabotuvanje.com.mk. Најпопуларни теми се истражувањата за големината на платата, кој е најдобар работодавач во Македонија, дали сакаат македонските работници да работат во странство и останати полесни теми како што се уредност на работа и пиење кафе на работното место.
-
Температурите на Арктикот и Антарктикот за 40 степени повисоки од просечните
Невообичаено високите температури на Арктикот и Антарктикот ги шокираа научниците
-
Делови од повеќе скопски општини утре без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека на ден 23.03.2022 година (среда) без електрична енергија ќе останат:
-
„Визер“ претстави две нови и реотвори седум рути од Македонија
„Визер“ најавува постепено повторно отворање 7 линии и воведување 2 нови од Скопје и Охрид до дестинации во 7 земји почнувајќи од март и мај.
-
Истражување: Повеќе од половина од младите би си заминале од Македонија засекогаш
Речиси 65% од младите во земјава се незадоволни од своето место - а 52% од нив би си заминале засекогаш, покажува последното истражување на МОФ.
-
Денеска нова одлука за цената на горивата!
Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) во текот на денов ќе донесе нова одлука за цената на нафтените деривати што ќе важи од ноќеска на полноќ. Како што информираат од РКЕ, исполнети се предусловите за носење нова одлука.
-
На четири локации во Карпош ќе се собира кабаст отпад
Во периодот од 28.03.2022 до 03.04.2022 година, ЈП Комунална хигиена – Скопје ќе постави контејнери за одлагање на кабаст отпад, на четири различни локации низ Карпош.
-
Зголемените цени на горивата ја зголемија побарувачката за електрични велосипеди
Побарувачката за велосипеди нагло порасна во Словенија минатата недела, кога моторните горива значително поскапеа.
-
Скок на цените во Грција - Да живее „ПАТЛИЏАН“ туризмот!
Бранот на поскапувања поради пандемијата влијае и врз туристичкиот сектор. Македонските агенции годинава за 5 до 15 евра го поскапеа организираниот превоз со автобус до Грција, па така, доколку повратниот билет кон Халкидики пред две години чинеше 35, сега чини 40 евра. Поголема е разликата во цените за превозот до дестинациите на Јонско Море, за каде повратен билет чини 50 или 55 евра.
-
Трговците имаа доволно време да ги подесат фискалните апарати за намалувањето на ДДВ
„Подесувањето на фискалните апарати беше лесна и едноставна операција што требаше да ја направат сите. Ние навремено информиравме, известивме кога почнуваат да важат мерките и до кога се роковите. Не се согласувам дека било кратко времето“ рече директорката на УЈП.
-
Дали учениците конечно ќе се ослободат од носење маски?
Надлежните институции апелираат на што помасовна вакцинација, а од вчера започна и караванот за вакцинација против вирусот, што има за цел да ја промовира вакцината како начин на сигурна имунизација. Започна во Шуто Оризари, а во следните две недели ќе опфати 14 општини.