Актуелно
Во рубриката актуелно ве информираме за сите новости кои се однесуваат на пазарот на трудот во Македонија и светот. Вработеноста, вработувањето, просечната плата и Законот за работни односи се теми кои редовно ги следиме и за кои секојдневно информираме. Барањето работа ќе ви биде значително полесен процес доколку сте информирани за новостите кои ние ви ги подготвуваме. Вестите за пазарот на трудот се идеални за луѓе кои бараат работа, работодавци, претприемачи и вработени професионалци. Многумина ќе ги интересира и како сме се посрамотиле на работа, дали одиме на работа настинати, дали ја работиме работата што ја сакаме, дали создаваме пријателства на работното место и какви се резултатите од популарните анкети објавени на порталот Vrabotuvanje.com.mk. Информираме и за одредени вести од сферата на економијата и бизнисот, но најважното подрачје за нас останува пазарот на трудот. Тука се и актуелностите од сферата на човечките ресурси, условите за работа и најновите истражувања на порталот Vrabotuvanje.com.mk. Најпопуларни теми се истражувањата за големината на платата, кој е најдобар работодавач во Македонија, дали сакаат македонските работници да работат во странство и останати полесни теми како што се уредност на работа и пиење кафе на работното место.
-
Планирате патување во Грција? Ова се актуелните правила
Новата министерска одлука „Предуслови за влез во земјата за ограничување на ширењето на Ковид-19“, веќе е објавена во Службен весник на Грција
-
УЈП: 114 маркети казнети за два дена – Наплаќале ДДВ за основните прехрамбени продукти
Секој петти трговец со храна каде што во последните два дена влегле во контрола даночните инспектори наместо 0 на потрошувачите им пресметувал 5 проценти ДДВ за основните прехрамбени производи
-
Од Белград до Нови Сад за 36 минути – Србите пуштија во употреба супер брз воз
Пругата Белград-Нови Сад, во рамки на меѓународната пруга Белград – Будимпешта e пуштена во сообраќаj
-
Искуство НЕ Е потребно - Вработи се во Алма-М како Унапредувач/ка на продажба
- претходно работно искуство не е потребно
-
Модниот гигант со над 25000 вработени, го проширува тимот и во Скопје
Бидете и вие дел од LPP, современа и реноминарана компанија, една од движечките компании во индустријата на облека и мода!
-
Ниските плати ги одвраќаат младите да ја изберат наставничката професија
Ниските плати, а обемната административна работа во образование, како и непочитувањето на професијата наставник, прави од година в година да се запишуваат сè помалку студенти на наставните насоки по предметите математика, хемија, физика и биологија.
-
Грците очекуваат подобра туристичка сезона, главен адут гостите од нордиските земји
Грција се подготвува за новата туристичка сезона, очекува да се врати на нивото пред корона вирусот, авиокомпаниите ги зголемуваат летовите, а луѓето се „гладни“ за патувања и не сакаат да веруваат во инфлација и други фактори кои би ги одвратиле од одмор.
-
Протекува браната кај Неготино, од ЦУК велат дека состојбата е сериозна
Постои опасност при евентуално посилен дожд дел од браната на попушти и да биде загрозено населението кое живее подолу
-
Статистика објави колкава е невработеноста во Македонија
Државниот завод за статистика (ДЗС) објави дека стапката на неработеност е 15.7 отсто.
-
Албанија ќе штеди гориво, понеделник ден без возила
Албанскиот премиер Еди Рама објави дека в понеделник ќе биде „Ден без возила заради заштеда на гориво, а не од еколошки аспект“