Актуелно
Во рубриката актуелно ве информираме за сите новости кои се однесуваат на пазарот на трудот во Македонија и светот. Вработеноста, вработувањето, просечната плата и Законот за работни односи се теми кои редовно ги следиме и за кои секојдневно информираме. Барањето работа ќе ви биде значително полесен процес доколку сте информирани за новостите кои ние ви ги подготвуваме. Вестите за пазарот на трудот се идеални за луѓе кои бараат работа, работодавци, претприемачи и вработени професионалци. Многумина ќе ги интересира и како сме се посрамотиле на работа, дали одиме на работа настинати, дали ја работиме работата што ја сакаме, дали создаваме пријателства на работното место и какви се резултатите од популарните анкети објавени на порталот Vrabotuvanje.com.mk. Информираме и за одредени вести од сферата на економијата и бизнисот, но најважното подрачје за нас останува пазарот на трудот. Тука се и актуелностите од сферата на човечките ресурси, условите за работа и најновите истражувања на порталот Vrabotuvanje.com.mk. Најпопуларни теми се истражувањата за големината на платата, кој е најдобар работодавач во Македонија, дали сакаат македонските работници да работат во странство и останати полесни теми како што се уредност на работа и пиење кафе на работното место.
-
КАРПОШ ЌЕ СУБВЕНЦИОНИРА ТРОТИНЕТИ И ВЕЛОСИПЕДИ: Стартува од понеделник, прв дојден, прв услужен!
Од понеделник општина Карпош ќе ја спроведува акцијата за субвенционирање до 30 отсто од цената за купување на нов велосипед, но најмногу до 3.000 денари, како и и 30 отсто од цената за купување на нов електричен тротинет, односно најмногу до 5.000 денари
-
ОД ПОНЕДЕЛНИК ПОЧНУВА КАРАВАНОТ ЗА ВАКЦИНАЦИЈА ПРОТИВ КОВИД: Детали за локациите низ повеќето општини
Министерството за здравство со поддршка од Светска здравствена организација, УСАИД и УНИЦЕФ од понеделник (21 март) почнува со караван за вакцинација против Ковид-19, кој ќе опфати 14 локални заедници низ државата.
-
Ослободување од партиципација на лицата со попреченост, деца без родители, невработените родители и воени инвалиди
На иницијатива на Националното координативно тело за спроведување на Конвенцијата на ООН за правата на лицата со попреченост, Владата на Република Северна Македонија донесе Уредба за правата на лицата со попреченост и други лица да бидат ослободени од партиципација за студирање.
-
Основните прехранбени производи без ДДВ, се очекува намалување на малопродажните цени
Дел од основните прехранбени производи од вчера се продаваат со нула проценти ДДВ, а од минатата недела намалени се и маржите. Без ДДВ се продаваат лебот, брашното тип-400, млекото со масленост од 2,8, од 3,2 и од 3,5 проценти масленост, белиот шеќер, сончогледовото масло, месото и други кланични производи за јадење, белиот ориз и јајцата.
-
Од денеска поевтини цени на горивата
Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 3,31% во однос на одлуката од 16.03.2022 година.
-
Од месецов минималец 18.000 денари - Дали е доволно за пристоен живот!?
Во април работниците ќе земат минимална плата од 18.000 денари, но паралелно се случи бран поскапувања, па затоа да пресметаме што и колку можеме да купиме со таа сума.
-
РКЕ ги објави новите цени на горивата
Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 3,31% во однос на одлуката од 16.03.2022 година.
-
Граѓаните повеќе нема да можат да плаќаат заостанати сметки за вода на рати без камата
ЈП Водовод и канализација – Скопје информира дека заврши акцијата за исплата на заостанати сметки, без камата.
-
Проверувајте ги фискалните:Од денес не смее да има ДДВ на некои производи
Така купувачите ќе проверат дали лебот, брашното, млекото, шеќерот, маслото, месото, оризот и јајцата се продаваат со или без ДДВ.
-
Типови визи за привремен престој во Австралија
Дали некогаш сте размислувале за работа и живот во Австралија? Еве кои типови визи можат да ви овозможат привремен престој