Актуелно
Во рубриката актуелно ве информираме за сите новости кои се однесуваат на пазарот на трудот во Македонија и светот. Вработеноста, вработувањето, просечната плата и Законот за работни односи се теми кои редовно ги следиме и за кои секојдневно информираме. Барањето работа ќе ви биде значително полесен процес доколку сте информирани за новостите кои ние ви ги подготвуваме. Вестите за пазарот на трудот се идеални за луѓе кои бараат работа, работодавци, претприемачи и вработени професионалци. Многумина ќе ги интересира и како сме се посрамотиле на работа, дали одиме на работа настинати, дали ја работиме работата што ја сакаме, дали создаваме пријателства на работното место и какви се резултатите од популарните анкети објавени на порталот Vrabotuvanje.com.mk. Информираме и за одредени вести од сферата на економијата и бизнисот, но најважното подрачје за нас останува пазарот на трудот. Тука се и актуелностите од сферата на човечките ресурси, условите за работа и најновите истражувања на порталот Vrabotuvanje.com.mk. Најпопуларни теми се истражувањата за големината на платата, кој е најдобар работодавач во Македонија, дали сакаат македонските работници да работат во странство и останати полесни теми како што се уредност на работа и пиење кафе на работното место.
-
Вработување во Бимилк, Маркарт, Крка и Пекабеско - огласите истекуваат на ПОЛНОЌ!
Дали сте сигурни дека не постои одлична позиција на која би работеле? Постои но треба да ја барате на вистинското место.
-
Од денеска патувањата во Грција без PLF формулар
Електронскиот формулар PLF (Passenger Locator Form) што досега беше неопходен за патување и влез во Грција, од денеска и официјално се укинува, а остануваат во сила актуелните правила за задолжителен документ за Ковид-19, јави дописничката на МИА од Атина.
-
Во јануари скоро 40.000 туристи престојувале во земјава
Во јануари годинава земјава ја посетиле вкупно 39.335 туристи кои оствариле 87.107 ноќевања што претставува зголемување за 40 отсто на бројот на туристи и за 33,9 отсто на бројот на ноќевања во споредба со јануари 2021 година.
-
3 слободни позиции за работа во НЕУРОМЕДИКА
БОЛНИЦА НЕУРОМЕДИКА, првиот приватен медицински бренд во Р. Македонија кој успешно работи веќе 29 години, објавува огласи за следните работни позиции:
-
Заврши обврската за зимска опрема во возилата
Обврската за задолжително поседување зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба, трае до денеска, информира Автомотосојузот на Македонија.
-
Словенија ги ограничи цените на горивата
Со цел да се олесни состојбата на пазарот на горива, словенечката влада одреди максимални малопродажни цени на горивата.
-
Напишани првите казни за супермаркетите бидејќи ги покачиле цените и покрај владините мерки
За рок од два дена казнети се 33 субјекти кои не ја почитувале владината мерка за намалување на маржата или не поседувале евиденција за одредени производи, информираат од Државниот пазарен инспекторат.
-
Tакси-компаниите најавија поскапување, барат надлежните да превземат мерки
Граѓаните се жалат на поскапување на превозот, а превозниците велат дека работат со загуба.
-
Тридневна временска прогноза
Тридневна временска прогноза за Македонија
-
Трговци од Македонија не продавале производи по набавна цена
Шеснаесет трговци не ја почитувале одлуката за посебни услови за трговијата според која лебот, маслото за јадење и брашното треба да се продаваат по набавна цена, а дел од останатите прехранбени производи по намалени маржи