Актуелно
Во рубриката актуелно ве информираме за сите новости кои се однесуваат на пазарот на трудот во Македонија и светот. Вработеноста, вработувањето, просечната плата и Законот за работни односи се теми кои редовно ги следиме и за кои секојдневно информираме. Барањето работа ќе ви биде значително полесен процес доколку сте информирани за новостите кои ние ви ги подготвуваме. Вестите за пазарот на трудот се идеални за луѓе кои бараат работа, работодавци, претприемачи и вработени професионалци. Многумина ќе ги интересира и како сме се посрамотиле на работа, дали одиме на работа настинати, дали ја работиме работата што ја сакаме, дали создаваме пријателства на работното место и какви се резултатите од популарните анкети објавени на порталот Vrabotuvanje.com.mk. Информираме и за одредени вести од сферата на економијата и бизнисот, но најважното подрачје за нас останува пазарот на трудот. Тука се и актуелностите од сферата на човечките ресурси, условите за работа и најновите истражувања на порталот Vrabotuvanje.com.mk. Најпопуларни теми се истражувањата за големината на платата, кој е најдобар работодавач во Македонија, дали сакаат македонските работници да работат во странство и останати полесни теми како што се уредност на работа и пиење кафе на работното место.
-
Германец по 14.000 км пешачење заврши во Битола: Заминал од Германија поради стрес од работата, ако најде работа ќе остане во Македонија
Германецот Карстен Шеперс тргнал на пат околу светот пред четири години, а сега заврши во Битола
-
Германците советуваат како да се троши помалку гориво
Германската организација Tüv Süd даде неколку интересни совети за штедливо возење
-
Пчеларите задоволни од состојбата во пчеларниците после зимата
Според изјавите на повеќето пчелари од Кичевско-Бродскиот регион, состојбата на нивните пчеларници после зимскиот период е добра и речиси да нема угинувања и намалување на нивната бројност во сандаците.
-
РКЕ: Цените на нафтените деривати денес остануваат исти
Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги денеска нема да носи одлука за промена на малопродажните цени на нафтените деривати. Како што велат од РКЕ, денеска нема предуслови за да се корегираат цените на нафтените деривати и затоа цените остануваат исти.
-
Банките лани заработиле речиси 150 милиони евра – историски рекорден профит од нивното постоење до сега
Домашните банки кризната 2021 година ја завршија со рекорден профит во историјата на нивното постоење- заработија фантастични 149 милиони евра. Тоа е за речиси 31 милион евра повеќе од добивката која ја остварија во претходната кризна година 2020-та, кога прикажаа профит од 118 милиони евра.
-
Расцветаниот бадем, сливата и раните сорти кајсии на удар од ниските утрински температури
Студените утра оваа недела може да предизвикаат штети доколку во регионите каде што се веќе расцветани бадемот, сливата и раните сорти кајсии паднат под -5 степени, предупредуваат агрометеоролозите.
-
Плати до 27.000 денари: Вработи се во УНО ПРОДУКТ
- бараме кандидати со или БЕЗ искуство
-
Од утре се укинува задолжителниот ПЛФ формулар за влез во Грција
За патување во Грција, од утре, повеќе нема да биде потребно да се пополнува формуларот ПЛФ (Passenger Locator Form), што веќе 20 месеци беше задолжителен и неопходен документ за влез во земјата, а важеше и за државјаните на Северна Македонија кои патуваат кај јужниот сосед.
-
Труењето и криволовот ги истребија дивите животни, но во земјава и понатаму нема ниту една казна за еколошки криминал
Труење, криволов или недозволена трговија се меѓу главните закани за дивиот свет во земјава. Египетскиот мршојадец и балканскиот рис се на работ на истребување, а и мечките, волците, лисиците или шакалите не се под помала закана. Сепак, и покрај тоа што ова се едни од главните причини за десеткувањето на полулациите на најзагрозените животни во земјава, еколошкиот криминал и понатаму нема ниту еден документиран судски случај, ниту пак е изречена казна за убивање диво животно.
-
Vrabotuvanje.com.mk e прогласен за Најдобар сајт за огласи и вработувања!
Ви благодариме на поддршката и признанијата кои ги добиваме со години наназад