Актуелно
Во рубриката актуелно ве информираме за сите новости кои се однесуваат на пазарот на трудот во Македонија и светот. Вработеноста, вработувањето, просечната плата и Законот за работни односи се теми кои редовно ги следиме и за кои секојдневно информираме. Барањето работа ќе ви биде значително полесен процес доколку сте информирани за новостите кои ние ви ги подготвуваме. Вестите за пазарот на трудот се идеални за луѓе кои бараат работа, работодавци, претприемачи и вработени професионалци. Многумина ќе ги интересира и како сме се посрамотиле на работа, дали одиме на работа настинати, дали ја работиме работата што ја сакаме, дали создаваме пријателства на работното место и какви се резултатите од популарните анкети објавени на порталот Vrabotuvanje.com.mk. Информираме и за одредени вести од сферата на економијата и бизнисот, но најважното подрачје за нас останува пазарот на трудот. Тука се и актуелностите од сферата на човечките ресурси, условите за работа и најновите истражувања на порталот Vrabotuvanje.com.mk. Најпопуларни теми се истражувањата за големината на платата, кој е најдобар работодавач во Македонија, дали сакаат македонските работници да работат во странство и останати полесни теми како што се уредност на работа и пиење кафе на работното место.
-
За прв пат во државата ќе се испитува работата на наставниците и на директорите на училиштата
Нашата земја за прв пат ќе учествува во меѓународното истражување на ОЕЦД за настава и учење. Во рамки на истражувањето ќе се испитува како работат наставниците и директорите на училиштата во државата, со цел да се подобри квалитетот на нивната работа.
-
Доктор Пановски: Маските да се укинуваат постепено, прво во јавен превоз па во училиштата
Доктор Никола Пановски останува на ставот дека е против сертификатите како мерка, но предложува маските во училиштата да се укинат постепено.
-
МТСП: 35.000 граѓани од ранливите категории ќе добијат ваучери од 1.000 денари
Министерството за труд и социјална работа и политика соопшти дека 35.000 граѓани од најранливите категории ќе добијат субвенции, односно ваучери, во вредност од 1.000 денари, и тоа за три месеци, за купување на основните производи за исхрана.
-
Собранието ги усвои законските измени за поевтини основни производи и гориво
Законските измени за намалување на ДДВ-то и акцизата на горивата синоќа поминаа во Собрание, по што Регулаторната комисија за енергетика ноќеска донесе одлука да ја намали цената на бензинот за 6,5 денари, а на дизелот за 9 денари.
-
ORBICO вработува во повеќе градови - искуство НЕ Е ЗАДОЛЖИТЕЛНО!
Орбико е водечки дистрибутер за голем број на квалитетни, глобално познати брендови кои се движат од производи за нега и убавина, прехрамбени и непрехрамбени производи, технички и електрични апарати, лекови, играчки, текстил, цигари, моторни масла и многу други производи.
-
Adventure Macedonia и Мтел авантура низ Македонија – пејзажи кои го одземаат здивот и одлична телевизија каде и да сте
Тимот на @adventure.mk и @mtel_mk пред две недели стартуваа заедничка патување низ Македонија, Msat TV Авантура, посетувајќи различни локации
-
Евтини места за патување низ Европа
Романија е уште една земја со прекрасни пејзажи, живописни градови и многу достапен ноќен живот. Ручек во ресторан во Романија чини 4 долари, а сместувањето во хотели, хостели и апартмани чини од 7 долари по лице, па нагоре.
-
Единствениот број за итни повици 112 почна да работи на територија на цела држава
Надминати се почетните проблеми со единствениот европски број за итни повици
-
Елон Маск oткри кој стои зад биткоинот
Елон Маск повторно предизвика „хаос“ на социјалните мрежи по објавување на теорија на заговор околу Сатоши Накамото, што повторно отпочна шпекулации за идентитетот на мистериозниот програмер на Биткоин
-
Младата Сашка од Куманово дипломирала царина и шпедиција, но се одлучила за занает со кожа и крзно
Младата кумановка, Сашка Ивановска го наследила занаетот на татко и ѝ дедо и