Актуелно
Во рубриката актуелно ве информираме за сите новости кои се однесуваат на пазарот на трудот во Македонија и светот. Вработеноста, вработувањето, просечната плата и Законот за работни односи се теми кои редовно ги следиме и за кои секојдневно информираме. Барањето работа ќе ви биде значително полесен процес доколку сте информирани за новостите кои ние ви ги подготвуваме. Вестите за пазарот на трудот се идеални за луѓе кои бараат работа, работодавци, претприемачи и вработени професионалци. Многумина ќе ги интересира и како сме се посрамотиле на работа, дали одиме на работа настинати, дали ја работиме работата што ја сакаме, дали создаваме пријателства на работното место и какви се резултатите од популарните анкети објавени на порталот Vrabotuvanje.com.mk. Информираме и за одредени вести од сферата на економијата и бизнисот, но најважното подрачје за нас останува пазарот на трудот. Тука се и актуелностите од сферата на човечките ресурси, условите за работа и најновите истражувања на порталот Vrabotuvanje.com.mk. Најпопуларни теми се истражувањата за големината на платата, кој е најдобар работодавач во Македонија, дали сакаат македонските работници да работат во странство и останати полесни теми како што се уредност на работа и пиење кафе на работното место.
-
Возовите повторно сообраќаат, прекинат бојкотот на машинскиот и извршниот персонал
Возовите во земјава повторно сообраќаат. Машинскиот и извршниот персонал на „Железници транспорт“ го прекина бојкотот откако е договорено раководството на компанијата во понеделник да им го исплати надомесетокот за материјалните трошоци.
-
Од понеделник можно е значајно поевтинување на горивата
Министерот за економија Крешник Бектеши смета дека од понеделник цените на нафетните деривати ќе се намалат.
-
Колку ќе чинат горивата од полноќ ако Собранието денеска го усвои намалувањето на ДДВ-то и акцизата
Доколку Собранието денеска го донесе законот со кој ќе се намалат акцизите и ДДВ-то на горивата според актуелните цени кои вчера вечерта ги објави РЕгулаторната комисија за енергетика, дизелот ќе поевтини за 8 денари, бензинот БС95 за 7 денари за БС98 за 7,5 денари
-
Се укинуваат сертификатите за влез во Црна Гора
Владата на Црна Гора одлучи поради поповолната епидемиолошка состојба од утре дополнително да ги ублажи мерките, што, меѓу другото, значи дека ќе се укине и обврската за поседување потврда за влез во земјата.
-
Трговците нема да имаат загуби од ограничувањето на маржите
Ниту еден од трговците нема да има загуби од Одлуката за ограничување на маржите, имајќи предвид дека се признаваат оперативните трошоци во формирањето на цената, изјави денеска министерот за економија.
-
Јасмина е магистер а сега одгледува овци и ги руши стеротипите во Македонија
Кајак.мк со нова приказна за локална хероина
-
Владата го ограничи извозот на одделни житарици, брашно, сончоглед и сончогледови масла
Владата на својата 26-та седница донесе Одлука за ограничување на извозот на одделни стоки.
-
Речиси 63 отсто од учениците потврдуваат дека насилството е често присутно во училиштата
Високи 70 проценти од учениците се сведоци на насилно однесување во нивните училишта, но истото не го пријавуваат од бројни причини.
-
Измените на законите за ДДВ и за акцизи пред пратениците
Според Владата, измените и дополнувањата треба да бидат донесени во итна собраниска постапка за да се обезбеди намалување на највисоките малопродажни цени на бензините и другите нафтени деривати.
-
Цените на горивата растат, линиите се редуцираат - Каква е ситуацијата со превозниците?!
Компaниите кои се занимаваат со превоз на патници, или веќе редуцираат линии поради високите цени на нафтените деривати, најавиле дека ќе отпуштаат работници.