Актуелно
Во рубриката актуелно ве информираме за сите новости кои се однесуваат на пазарот на трудот во Македонија и светот. Вработеноста, вработувањето, просечната плата и Законот за работни односи се теми кои редовно ги следиме и за кои секојдневно информираме. Барањето работа ќе ви биде значително полесен процес доколку сте информирани за новостите кои ние ви ги подготвуваме. Вестите за пазарот на трудот се идеални за луѓе кои бараат работа, работодавци, претприемачи и вработени професионалци. Многумина ќе ги интересира и како сме се посрамотиле на работа, дали одиме на работа настинати, дали ја работиме работата што ја сакаме, дали создаваме пријателства на работното место и какви се резултатите од популарните анкети објавени на порталот Vrabotuvanje.com.mk. Информираме и за одредени вести од сферата на економијата и бизнисот, но најважното подрачје за нас останува пазарот на трудот. Тука се и актуелностите од сферата на човечките ресурси, условите за работа и најновите истражувања на порталот Vrabotuvanje.com.mk. Најпопуларни теми се истражувањата за големината на платата, кој е најдобар работодавач во Македонија, дали сакаат македонските работници да работат во странство и останати полесни теми како што се уредност на работа и пиење кафе на работното место.
-
Месо има доволно и засега не поскапува
Месо има во доволни количини и засега нема да има промена на цената, соопштија производителите по денешната средба со министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство на која е договорено да се донесат две нови интервентни мерки за поддршка на свињарството.
-
Новите капитални инвестиции во САСА се значајни за локалниот економски развој и за просперитетот на заедницата
Рудникот САСА продолжува со реализацијата на новата капитална инвестициска програма во вредност од над 20 милиони долари.
-
Пензионерите ќе земаат 3 месеци по 1000 денари помош и покачени пензии согласно новоприфатената методологија
Растот на процентот ќе биде условен од растот на просечната плата и трошоците за живот
-
Дали ве „пецка струја“ во контакт со некој или нешто? Еве зошто тоа ви се случува
Веруваме дека некогаш ве пецнала „струја“ кога ќе допрете некого или нешто? Зошто оваа не толку пријатна појава се јавува почесто во зима и како да се ослободите од неа?
-
Купувањето дом во Швајцарија е поевтино од изнајмувањето
Според една нова студија на Moneypark, со тековните ниски каматни стапки, купувањето дом во Швајцарија е поевтина варијанта од изнајмувањето
-
Најавен е пролетниот настан на Apple. Што да очекуваме? (ВИДЕО)
Следниот вторник Apple ќе организира уште една пролетна презентација на нови производи, а таа повторно ќе биде во форма на онлајн пренос, без публика и претставници на медиумите во Apple Park.
-
Колкава дивиденда ќе исплати Алкалоид
Дивидендата ќе биде исплатена во готово на трансакциските сметки на акционерите
-
Србија најави укинување на ковид сертификатите!
Медицинскиот дел од Кризниот штаб денеска ќе оди на консултации кај премиерката Ана Брнабиќ, а ќе се разговара и за укинување на некои мерки против Ковид 19.
-
Scandiweb: Образованието е важна инвестиција за растот на вработените
Доколку сте потенцијален девелопер во Македонија и барате меѓународно искуство, ние од Scandiweb сме подготвени да ви посакаме добредојде! Истражете ги нашите работни места и бидете подготвени да создадете иднина со нас!
-
Влада: Граѓаните да бидат смирени, имаме резерви на нафтени деривати и жито
Република Северна Македонија има задоволителна количина прехранбени производи и нафтени деривати во стоковните резерви