Актуелно
Во рубриката актуелно ве информираме за сите новости кои се однесуваат на пазарот на трудот во Македонија и светот. Вработеноста, вработувањето, просечната плата и Законот за работни односи се теми кои редовно ги следиме и за кои секојдневно информираме. Барањето работа ќе ви биде значително полесен процес доколку сте информирани за новостите кои ние ви ги подготвуваме. Вестите за пазарот на трудот се идеални за луѓе кои бараат работа, работодавци, претприемачи и вработени професионалци. Многумина ќе ги интересира и како сме се посрамотиле на работа, дали одиме на работа настинати, дали ја работиме работата што ја сакаме, дали создаваме пријателства на работното место и какви се резултатите од популарните анкети објавени на порталот Vrabotuvanje.com.mk. Информираме и за одредени вести од сферата на економијата и бизнисот, но најважното подрачје за нас останува пазарот на трудот. Тука се и актуелностите од сферата на човечките ресурси, условите за работа и најновите истражувања на порталот Vrabotuvanje.com.mk. Најпопуларни теми се истражувањата за големината на платата, кој е најдобар работодавач во Македонија, дали сакаат македонските работници да работат во странство и останати полесни теми како што се уредност на работа и пиење кафе на работното место.
-
Србија најави укинување на ковид сертификатите!
Медицинскиот дел од Кризниот штаб денеска ќе оди на консултации кај премиерката Ана Брнабиќ, а ќе се разговара и за укинување на некои мерки против Ковид 19.
-
Scandiweb: Образованието е важна инвестиција за растот на вработените
Доколку сте потенцијален девелопер во Македонија и барате меѓународно искуство, ние од Scandiweb сме подготвени да ви посакаме добредојде! Истражете ги нашите работни места и бидете подготвени да создадете иднина со нас!
-
Влада: Граѓаните да бидат смирени, имаме резерви на нафтени деривати и жито
Република Северна Македонија има задоволителна количина прехранбени производи и нафтени деривати во стоковните резерви
-
Кој ја лансирал ракетата? Со брзина поголема од 9.000 км/ч денес ќе удри во Месечината
Астрономите веруваат дека остатокот од кинеската ракета денес ќе удри во Месечината, но Кинезите велат дека тоа не е нивна ракета.
-
Вработена во Амазон ја открива тајната како го импресионирала Џеф Безос на првото интервју
Вработена во Амазон, која Jeff Bezos ја вработил „на лице место“ споделува 5 начини како „инстантно да импресионирате“ за време на интервјуто за работа.
-
Во Словенија без маски во училиштата, одобрена вакцинација за малолетни
Словенците од понеделник ќе го укинат задолжителното носење заштитни маски во образовниот процес за учениците и студентите.
-
КЕМЕТ ВРАБОТУВА - Изгради кариера во тимот на Инженери!
- добредојдени се сите кандидати кои имаат желба за работа
-
Над 180.000 граѓани вложиле во приватно здравствено осигурување
Повеќе од 23.000 осигуреници лани искористиле приватно здравствено осигурување за покривање трошоци од прегледи, интервенции, лекување и други медицински услуги.
-
Групацијата Триглав во 2021: Рекордни резултати, зацврстување на бизнисот и силен раст на профитот
Согласно неревидираните податоци Групацијата Триглав во 2021 година ги зголеми вкупните приходи на 1,46 милијарди евра (раст од 10% споредено со претходната година) и обезбеди добивка пред оданочување во износ од 132,6 милиони евра (раст од 46% во споредба со претходната година).
-
Матичните лекари денеска повторно на штрајк, ќе примаат само итни случаи
Две недели по предупредувачкиот прекин на работата, матичните лекари денес повторно го активираат штрајкот. Ќе прегледуваат само пациенти кои се итни случаи и нема да работат преку системот „Мој термин“.