Актуелно
Во рубриката актуелно ве информираме за сите новости кои се однесуваат на пазарот на трудот во Македонија и светот. Вработеноста, вработувањето, просечната плата и Законот за работни односи се теми кои редовно ги следиме и за кои секојдневно информираме. Барањето работа ќе ви биде значително полесен процес доколку сте информирани за новостите кои ние ви ги подготвуваме. Вестите за пазарот на трудот се идеални за луѓе кои бараат работа, работодавци, претприемачи и вработени професионалци. Многумина ќе ги интересира и како сме се посрамотиле на работа, дали одиме на работа настинати, дали ја работиме работата што ја сакаме, дали создаваме пријателства на работното место и какви се резултатите од популарните анкети објавени на порталот Vrabotuvanje.com.mk. Информираме и за одредени вести од сферата на економијата и бизнисот, но најважното подрачје за нас останува пазарот на трудот. Тука се и актуелностите од сферата на човечките ресурси, условите за работа и најновите истражувања на порталот Vrabotuvanje.com.mk. Најпопуларни теми се истражувањата за големината на платата, кој е најдобар работодавач во Македонија, дали сакаат македонските работници да работат во странство и останати полесни теми како што се уредност на работа и пиење кафе на работното место.
-
Променливо облачно и студено време!
Времето ќе биде променливо облачно, во западните делови со врнежи од дожд и снег, на планините и на повисоките места со врнежи само од снег. Кон крајот на денот и во текот на ноќта врнежите ќе се прошират насекаде. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до 1, а максималната ќе достигне од 4 до 11 степени.
-
„ГуливЕр“ ќе лета двапати неделно од Софија до Скопје и назад - Еве колку ќе чини билетот
Обновени се летовите на редовната авионска линија Софија-Скопје-Софија. Првиот лет на бугарската авиокомпанија ГуливЕр ќе биде на 26 март 2022 година. Авиокомпанијата ќе има редовни летови на релација двапати неделно, во сабота и во понеделник.
-
НОВО: Франција ги укинува пропусниците за ковид од 14 март
Пропусниците за Ковид, кои беа потребни за пристап до некои места во Франција, ќе бидат укинати од 14 март
-
Илјадници административци спремни да излезат на улица ако во април примат плата под минималната од 18.000 денари
Зголемувањето на минималната плата не ја тргна опасноста од големи протести низ државата
-
Како да препознаете оригинал и копија на Samsung полнач
Фалсификати има насекаде, а најефикасен начин да се избориме со неквалитетните копии е да научиме да ги препознаваме
-
Бебиситерките во Швајцарија се најплатени во Европа
Според истражувањата во Швајцарија, многу родители поради нивното работно време се принудени да ангажираат бебиситерки кои ќе ги чуваат нивните деца
-
Четири златни медали и една специјална награда за вината на „Tikveš Châteaux&Domainеs“ на престижниот „Мундус Вини“ во Германија
Вината на „Tikveš Châteaux&Domainеs“ добија уште една важна потврда на својот исклучителен квалитет на еден од најпрестижните и најголеми вински натпревари во светот – „Мундус вини“ 2022, освојувајќи четири златни медали и едно специјално признание.
-
Се укинува задолжителниот PLF формулар за влез во Грција
Формуларот PLF (Passenger Locator Form), што веќе 20 месеци е задолжителен за влез во Грција, без разлика дали станува збор за грчки државјани или странски туристи и независно од начинот на патување и влез во земјата, ќе се укине од 15 март 2022 година.
-
Приклучете се во тимот на талентирани иноватори во САСА
Рудниот депозит на Саса е откриен за време на истражување помеѓу 1954 и 1965 година. Во 1966 година рудникот започнал со комерцијално производство на руда.
-
По 2 години пауза, повторно Карневали во Струмица и Прилеп
Привршуваат подготовките за прилепскиот Карневал „Прочка 2022“, учествуваат над 500 маскирани, а започнува и Струмичкиот карневал.