Актуелно
Во рубриката актуелно ве информираме за сите новости кои се однесуваат на пазарот на трудот во Македонија и светот. Вработеноста, вработувањето, просечната плата и Законот за работни односи се теми кои редовно ги следиме и за кои секојдневно информираме. Барањето работа ќе ви биде значително полесен процес доколку сте информирани за новостите кои ние ви ги подготвуваме. Вестите за пазарот на трудот се идеални за луѓе кои бараат работа, работодавци, претприемачи и вработени професионалци. Многумина ќе ги интересира и како сме се посрамотиле на работа, дали одиме на работа настинати, дали ја работиме работата што ја сакаме, дали создаваме пријателства на работното место и какви се резултатите од популарните анкети објавени на порталот Vrabotuvanje.com.mk. Информираме и за одредени вести од сферата на економијата и бизнисот, но најважното подрачје за нас останува пазарот на трудот. Тука се и актуелностите од сферата на човечките ресурси, условите за работа и најновите истражувања на порталот Vrabotuvanje.com.mk. Најпопуларни теми се истражувањата за големината на платата, кој е најдобар работодавач во Македонија, дали сакаат македонските работници да работат во странство и останати полесни теми како што се уредност на работа и пиење кафе на работното место.
-
Како батеријата на iPhone да ви трае подолго?
Досега научивме дека апликациите се најзаслужни за празнење на батеријата на мобилниот телефон
-
Нов вид специјализирани обуки со податоци - Data Analytics in Finance
Станете Data Master преку изучување практичен пример
-
Нема повеќе „копи-пејст“ проектни задачи за матурскиот испит - Еве ги новите правила!
Учениците што се во завршна година ќе полагаат државна матура во јуни. Во Државниот испитен центар (ДИЦ) информираат дека веќе се при крај со организациските подготовки за испитот на зрелоста. Годинава ќе има новини само во однос на изработката на проектната задача, а по останатите предмети полагањето ќе остане исто.
-
За колку поскапеа производите во маркетите во рок од 10 дена!?
При проверката на новите цени од страна на сервисот „Ценометар.мк“ забележан е драстичен скок на цените многу производи и тоа во рок од само 10 дена од последната проверка.
-
Биоотпадот секаде е ресурс за правење компост, само кај нас се третира како ѓубре
Лушпи од зеленчук и овошје, суви лисја и гранки од дворовите и парковите или пак остатоци од земјоделското производство, овоштарството и лозарството. Сето тоа е биоотпад, кој кај нас завршува на депонија, а во многу држави преставува ресурс. Според статистиките во земјава, биоотпадот учествува со околу 60 отсто од она што го фрлаат домаќинствата и кое најчесто завршува во контејнерите.
-
Истекува рокот за бесплатен превоз на студентите без продолжен билет
Студентите кои ги исполнуваат условите за користење на годишен студентски билет за бесплатен јавен превоз имаат право на бесплатен превоз со непродолжен билет уште неколку дена, односно до понеделник, 28 февруари.
-
Цените секојдневно растат но нема официјална потврда за ценовен шок
До крајот на овој месец истекува мерката за замрзнување на цените на основните прехранбени производи
-
Поделете ги овие два броја и откријте која е вашата идеална тежина
Индексот на телесната маса е општоприфатено мерило за идеалната телесна тежина и сите здравствени организации го користат во своите статистики.
-
Му ја одзеле дозволата за возење со 176км.ч, се жалел – возел побрзо!
Возачот, кој беше фатен како вози со речиси 200 км/ч на селски пат кај Хестингс во Нов Зеланд, вели дека казната му е престрога, иако одел побрзо отколку што забележала полицијата!…
-
Роман Абрамович по 20 години го напушти Челси
Роман Абрамович по две децении го напушти Челси. Рускиот милијардер, во четвртокот, доби забрана за престој во Велика Британија. Вечерва, тој се огласи со соопштение, во кое се наведува дека по 20 години заминува од клубот.