Актуелно
Во рубриката актуелно ве информираме за сите новости кои се однесуваат на пазарот на трудот во Македонија и светот. Вработеноста, вработувањето, просечната плата и Законот за работни односи се теми кои редовно ги следиме и за кои секојдневно информираме. Барањето работа ќе ви биде значително полесен процес доколку сте информирани за новостите кои ние ви ги подготвуваме. Вестите за пазарот на трудот се идеални за луѓе кои бараат работа, работодавци, претприемачи и вработени професионалци. Многумина ќе ги интересира и како сме се посрамотиле на работа, дали одиме на работа настинати, дали ја работиме работата што ја сакаме, дали создаваме пријателства на работното место и какви се резултатите од популарните анкети објавени на порталот Vrabotuvanje.com.mk. Информираме и за одредени вести од сферата на економијата и бизнисот, но најважното подрачје за нас останува пазарот на трудот. Тука се и актуелностите од сферата на човечките ресурси, условите за работа и најновите истражувања на порталот Vrabotuvanje.com.mk. Најпопуларни теми се истражувањата за големината на платата, кој е најдобар работодавач во Македонија, дали сакаат македонските работници да работат во странство и останати полесни теми како што се уредност на работа и пиење кафе на работното место.
-
Комерцијална Банка со уникатна можност - станбен кредит со намалени каматни стапки преку полиса за осигурување живот на Триглав
Сега е вистинско време за нов дом со станбениот кредит на Комерцијална банка затоа што ги има најниските каматни стапки на пазарот, достапен е со полиса за животно осигурување и до 30.04.2022 година е без надомест за одобрување и за процена на имот
-
УКИМ продуцирал 134.600 високостручни кадри, над 13.800 магистри и околу 4.000 доктори на науки
За 73 години постоење
-
Тинејџер од Америка доби 1.800 долари бидејќи шест години не користел социјални мрежи
Во 2016 година, Лорна Голдстренд Клефсас го предизвикала својот 12-годишен син Сиверт да се држи настрана од социјалните мрежи додека не наполни 18 години. Како награда му ветила пари за неговиот осумнаесетти роденден. Па тој успеа на 19 февруари 2022 година добие 1.800 долари, пренесува Си-ен-ен.
-
6 лоши навики поради кои непотребно губите пари
Ако на крајот од месецот се прашувате каде ви отишле сите пари, крајно време е да го преиспитате вашето трошење.
-
Од понеделник пренасочување на сообраќајот на патот Градско – Прилеп!
Заради отпочнување со градежни активности во врска со проект Рехабилитација на државен пат крак А1, делница Фариш-Прилеп, од понеделник ќе биде воведена времена измена на режим на сообраќај на патот Градско – Прилеп, поточно после мостот на река Раец кон Плетвар, информира АМСМ.
-
Уни Банка ВРАБОТУВА во Прилеп
Целта ни е да одбираме млад кадар и да им овозможиме своето работно искуство да го стекнат во нашата банка.Вработените постојано се едуцираат со можности за брз напредок во својата кариера.
-
Речиси 5.000 Македонци лани побарале азил во ЕУ, најмногу во Германија
Азил во некоја од земјите на ЕУ лани побарале 4.922 македонски граѓани, што е значително зголемување во однос на 2020 година кога нивниот број бил 1.230. Најголем број од нив се обиделе да најдат засолниште во Германија.
-
Сончево и потопло со мала локална облачност
Дали конечно имаме пролет во најава?
-
Од 1 март поевтино зонско паркирање во Скопје
Од 1 март зонското паркирање во Скопје поевтинува
-
Колкава е вистинската плата и колкави се даноците во Германија?
Хрватскиот блог projektnjemacka.com направи анализа на германските просечни плати за неколку позиции