Актуелно
Во рубриката актуелно ве информираме за сите новости кои се однесуваат на пазарот на трудот во Македонија и светот. Вработеноста, вработувањето, просечната плата и Законот за работни односи се теми кои редовно ги следиме и за кои секојдневно информираме. Барањето работа ќе ви биде значително полесен процес доколку сте информирани за новостите кои ние ви ги подготвуваме. Вестите за пазарот на трудот се идеални за луѓе кои бараат работа, работодавци, претприемачи и вработени професионалци. Многумина ќе ги интересира и како сме се посрамотиле на работа, дали одиме на работа настинати, дали ја работиме работата што ја сакаме, дали создаваме пријателства на работното место и какви се резултатите од популарните анкети објавени на порталот Vrabotuvanje.com.mk. Информираме и за одредени вести од сферата на економијата и бизнисот, но најважното подрачје за нас останува пазарот на трудот. Тука се и актуелностите од сферата на човечките ресурси, условите за работа и најновите истражувања на порталот Vrabotuvanje.com.mk. Најпопуларни теми се истражувањата за големината на платата, кој е најдобар работодавач во Македонија, дали сакаат македонските работници да работат во странство и останати полесни теми како што се уредност на работа и пиење кафе на работното место.
-
Февруарските пензии ќе бидат предвреме исплатени - ЕВЕ КОГА!
Февруарските пензии ќе бидат предвреме подготвени за готовинска исплата во четири групи почнувајќи од 24 февруари до 01 март.
-
Известување: Три скопски општини утре ќе бидат без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека на ден 23.02.2022 година (среда) без електрична енергија ќе останат
-
ОД ДЕНЕСКА: ЕУ воведува голема промена околу ковид-сертификатите
Европската комисија донесе одлука со која ќе им се овозможи на земјите-членки да издаваат дигитални ковид-сертификати за прележан Ковид-19 врз основа на брзи антигенски тестови
-
Да не се бараат сертификати при излез од земјата, бремените жени да се вратат на работа
Комисијата за заразни болести бара да се укинат две мерки за спречување на ширењето на коронавирусот
-
Служење воен рок во Македонија и регионот: Словенија дава највисоки плати на регрутите
Во земјите на Балканот, платите на војниците кои доброволно служеле воен рок се највисоки во Словенија, а најниски во Северна Македонија, пишува Балканската безбедносна мрежа. Доброволниот воен рок најдолго трае во Србија, шест месеци, а најкраткиот во Хрватска односно трае 40 работни дена.
-
Проектот на УСАИД за граѓанско ангажирање во Скопје бара Специјалист за мониторинг и евалуација и јавно информирање
CEP е шестгодишна програма финансирана од УСАИД која се стреми да постигне две цели: (1) зајакнување на конструктивниот ангажман на граѓанските организации (ГО) за политиките и прашањата од јавен интерес и (2) зголемување и одржување на младинскиот ангажман во јавниот живот во нашата држава. CEP го спроведува EWMI во партнерство со три локални граѓански организации
-
Занаетчиите бараат да работат и во недела
Сѐ поголем број занаетчии алармираат дека поради неработната недела значително им се намалуваат можностите за остварување профит, поради што стравуваат од целосно затворање на своите дуќани. Некои од занаетчиите истакнуваат дека во согласност со законот, за голем дел од професиите нема никаква можност да работат во недела, ниту оние занаетчии што сами се сопственици и сами работат во својот дуќан, односно нема можност самиот газда да се пријави и да работи во недела.
-
Скокнаа цените во Грција – дали за македонските граѓани ќе остане топ дестинација?
Има поскапувања во Грција, земја каде сезоната ќе почне на 1 март, како што најавија тамошните власти, но граѓаните веќе се интересираат за аранжмани кај јужниот сосед. Веројатно, новите повисоки цени нема да ги одвратат македонските граѓани од летување во оваа земја. Освен за Грција, интерес има и за одмор во Албанија.
-
Пониски увозни давачки за домашните компании, намалени царинските стапки на 258 индустриски стоки и природниот гас
Трајно се намалуваат или укинуваат царинските стапки на 258 суровини и репроматеријали што ќе значи намалени увозни давачки за домашните компании. Со укинувањето на тарифите се намалуваат трошоците за производство со што се влијае на зајакнување на конкурентноста на македонската економија.
-
Вработените не можат и не сакаат да бидат достапни 24/7
И пред пандемијата дигитализацијата имаше силно влијание врз приватниот живот на овие вработени, но за време на кризата како да се изгуби линијата меѓу приватниот живот и работата. Резултат – стрес како никогаш досега