Актуелно
Во рубриката актуелно ве информираме за сите новости кои се однесуваат на пазарот на трудот во Македонија и светот. Вработеноста, вработувањето, просечната плата и Законот за работни односи се теми кои редовно ги следиме и за кои секојдневно информираме. Барањето работа ќе ви биде значително полесен процес доколку сте информирани за новостите кои ние ви ги подготвуваме. Вестите за пазарот на трудот се идеални за луѓе кои бараат работа, работодавци, претприемачи и вработени професионалци. Многумина ќе ги интересира и како сме се посрамотиле на работа, дали одиме на работа настинати, дали ја работиме работата што ја сакаме, дали создаваме пријателства на работното место и какви се резултатите од популарните анкети објавени на порталот Vrabotuvanje.com.mk. Информираме и за одредени вести од сферата на економијата и бизнисот, но најважното подрачје за нас останува пазарот на трудот. Тука се и актуелностите од сферата на човечките ресурси, условите за работа и најновите истражувања на порталот Vrabotuvanje.com.mk. Најпопуларни теми се истражувањата за големината на платата, кој е најдобар работодавач во Македонија, дали сакаат македонските работници да работат во странство и останати полесни теми како што се уредност на работа и пиење кафе на работното место.
-
Станете дел од тимот на Zepter International во Скопје
Zepter International има потреба од Регионални продажни партнери и Менаџер за продажба и маркетинг. За да аплицирате, потребно е да имате минимум ССС и пожелно е искуство во продажба, промоции и пласман на продукти!
-
Не треба нов Закон за наставници, за да пораснат платите во секторот образование!
Синдикатот на образование вели дека ако политичарите вистински имаат намера да им ги зголемат платите на просветните работници тоа може да го направат преку измена на Колективните договори, а не само со предлог закон. На тој начин нема да биде селективно зголемувањето на платите, туку освен професорите и стручните соработници повисоки плати ќе добијат и техничките лица вработени во секторот образование.
-
Општина Кисела Вода: Првачињата ќе добиваат ранчиња, сите деца таблети, а наставниците компјутери
Сите првачиња што ќе почнат да одат во училиште на територијата на Општина Кисела Вода од следната учебна година, симболично ќе добијат ранче подарок, најавуваат од оваа скопска општина. Реализацијата на овој проект насловен како „Ранче за секое прваче“, ќе има за цел барем малку да им ги олесни финансиските трошоци на родителите при уписот на своето дете во училиште.
-
Во Европа ќе се плаќаат вињети по поминат километар
Минатиот четврток Европскиот парламент одобри воведување еднодневни вињети кои се базираат на растојание, односно реално поминати километри. Европратениците дадоа зелено светло за договор со владите на ЕУ за дефинирање на таксите што земјите-членки можат да ги наметнат за камионите, автобусите, комбињата и автомобилите кои ги користат патиштата во трансевропската мрежа.
-
УХМР издаде метео предупредување: Еве какво време не очекува во следните 4 дена
Под влијание на циклонска активност и на влажен и студен воздушен бран, денес ќе има повремени врнежи од дожд, а на планините и на повисоките места од снег. Врнежите ќе бидат пообилни во јужните делови каде се очекува локално да наврнат околу 15 л/м2 воден талог.
-
И Бугарија планира укинување на мерките
Бугарија влегува во втора и трета фаза од пандемијата, а се очекува земјата за краток период да стигне до првата фаза, што значи дека наскоро цела Бугарија ќе биде во зелената зона, изјави премиерот Кирил Петков
-
Дали поскапите автобуски билети ќе бидат проблем за 4000 кумановци кои секојдневно патуваат за работа во Скопје
Граѓаните велат дека ова покачување ќе ги погоди оние кои земаат мали плати, и постои можност дел од нив да се откажат од работа во главниот град, по што ќе бараат работа во родниот град или во странство
-
За патарина од Скопје до Штип ќе се плаќа 160 денари
Ако жител на Велес работи во Скопје и патува со автомобил, само за патарини годишно би дал над 58.000 денари
-
ПОЧНА ПРИЈАВУВАЊЕТО: Се бираат зет и невеста за Галичка свадба
Месната заедница Галичник информира дека започнато е пријавувањето за зет и невеста за Галичката свадба 2022 година
-
ОН: Сегашното глобално затоплување е најсилно во последните 200 илјади години
Глобалното затоплување, кое се забележува сега, е најсилното во последните 200.000 години, изјави Петри Талас, генерален секретар на Светската метеоролошка организација (СМО).