Актуелно
Во рубриката актуелно ве информираме за сите новости кои се однесуваат на пазарот на трудот во Македонија и светот. Вработеноста, вработувањето, просечната плата и Законот за работни односи се теми кои редовно ги следиме и за кои секојдневно информираме. Барањето работа ќе ви биде значително полесен процес доколку сте информирани за новостите кои ние ви ги подготвуваме. Вестите за пазарот на трудот се идеални за луѓе кои бараат работа, работодавци, претприемачи и вработени професионалци. Многумина ќе ги интересира и како сме се посрамотиле на работа, дали одиме на работа настинати, дали ја работиме работата што ја сакаме, дали создаваме пријателства на работното место и какви се резултатите од популарните анкети објавени на порталот Vrabotuvanje.com.mk. Информираме и за одредени вести од сферата на економијата и бизнисот, но најважното подрачје за нас останува пазарот на трудот. Тука се и актуелностите од сферата на човечките ресурси, условите за работа и најновите истражувања на порталот Vrabotuvanje.com.mk. Најпопуларни теми се истражувањата за големината на платата, кој е најдобар работодавач во Македонија, дали сакаат македонските работници да работат во странство и останати полесни теми како што се уредност на работа и пиење кафе на работното место.
-
Долговите во ЈП „Водовод и канализација” ќе можат да се плаќаат на рати без пресметка на камата
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје ги известуваат граѓаните на град Скопје, дека повторно се спроведува акцијата за наплата на долговите без пресметка на камата.
-
Граѓаните од Центар барале еден час паркинг да чини 500 денари
Граѓаните кои живеат во реонот на Центар позади Дом на градежници барале паркинг просторот во тој дел од општината да биде 500 денари од час, информира директорот на ПОЦ. Според него, оваа идеја дошла по разговорите со станарите и жителите кои живеат во овој дел од Центар.
-
Европа се простува од мерките, ние уште го чекаме пикот – Кој укинува маски, а кој сертификати?
Февруари е месецот на пресврт кога се работи за пандемијата на вирусот со ковид-19 во Европа. Како што стапките на смртност паѓаат, голем европски земји делумно или целосно ги укинуваат мерките кои се воведоа за да се скроти вирусот, а здравствените власти не размислуваат ниту да ги укинат задолжителните маски кај децата до 10 години.
-
Револуционерен третман: Излечена првата жена од ХИВ со помош на матични клетки од папочна врвка
Неименувана средовечна жена која боледувала од ХИВ и леукемија примила револуционерен третман кој вклучува матични клетки од крв од папочна врвка. Американските лекари ѝ инјектирале крв од папочната врвца, која вообичаено се користи за лекување на акутна миелоидна леукемија, форма на рак кој се развива во коскената срцевина, пренесува „New York Times“.
-
Нема договор за зголемување на пензиите! Следната средба во март…
Нема договор за зголемување на пензиите. Помпезно најавуваната средба во Владата заврши без никакви резултати. Следната е закажана дури за во март. По се изгледа ветеното покачување ќе дојде по неколку месеци, а неизвесно е и колку ќе изнесува.
-
Транспортерите го вклучија црвениот аларм поради екстремно зголемените трошоци
Или мерки или редуциран транспорт на стоки и услуги. Транспортерите го вклучија црвениот аларм поради екстремно зголемените трошоци. Растот на цените на нафтените деривати им ги наталожија сметките на превозниците.
-
Ќе се менува методологијата за усогласување на пензиите
Методологијата за усогласување на пензиите ќе се менува со цел да се изнајде модел кој ќе овозможи одржливо решение на долг рок, договорија здруженијата на пензионери и Владата на денешната средба
-
На Србија и недостигаат 5.000 здравствени работници и 10.000 возачи
На Србија и недостигаат околу 5.000 здравствени работници и 10.000 професионални возачи
-
Таа е најплатената жена во светот, а нејзиниот совет е: Ќе се опоравите од глупоста, само не тргувајте со интегритетот
„Треба да бидете подобри. Мора да работите подобро, да издржите подолго и да бидете погласни!“
-
Родена е без рака, управува авион како од шега: Неверојатна инспиративна приказнa
Доказ дека желбата и мотивацијата се посилни од се