Актуелно
Во рубриката актуелно ве информираме за сите новости кои се однесуваат на пазарот на трудот во Македонија и светот. Вработеноста, вработувањето, просечната плата и Законот за работни односи се теми кои редовно ги следиме и за кои секојдневно информираме. Барањето работа ќе ви биде значително полесен процес доколку сте информирани за новостите кои ние ви ги подготвуваме. Вестите за пазарот на трудот се идеални за луѓе кои бараат работа, работодавци, претприемачи и вработени професионалци. Многумина ќе ги интересира и како сме се посрамотиле на работа, дали одиме на работа настинати, дали ја работиме работата што ја сакаме, дали создаваме пријателства на работното место и какви се резултатите од популарните анкети објавени на порталот Vrabotuvanje.com.mk. Информираме и за одредени вести од сферата на економијата и бизнисот, но најважното подрачје за нас останува пазарот на трудот. Тука се и актуелностите од сферата на човечките ресурси, условите за работа и најновите истражувања на порталот Vrabotuvanje.com.mk. Најпопуларни теми се истражувањата за големината на платата, кој е најдобар работодавач во Македонија, дали сакаат македонските работници да работат во странство и останати полесни теми како што се уредност на работа и пиење кафе на работното место.
-
Сточарите бараат враќање на субвенциите по старо, во спротивно државата ќе остане без овци
Сточарите се незадоволни од намалувањето на сувенциите предвидени во програмата за 2022 година. Бараат средба со надлежните и враќање на старите субвенции наместо скратени за да можат да опстанат во време кога се е поскапено. Ако за една недела не добијат одговор на нивните барање, најавуваат протести, бидејќи како што велат, не можат да ги прехранат грлата, ќе почнат да ги продаваат стадата и да се откажуваат од сточарството.
-
Наместо замрзнување на цените, ќе има утврдување на маржите
Од 1 март повеќе нема да има замрзнати цени, но ќе има одмрзнување на производните маржи на странските производи увезени во трговијата. Главно ова ќе бидат основни прехранбени производи, рече министерот за економија.
-
Газдите кои не исплатиле дневница за работна недела ќе бидат јавно објавени
Државата ќе објави кои газди не ја испочитувале неработната недела. Од денеска трудовите инспектори се на терен, вршат интензивни контроли во фирмите кои согласно закон смеат да работат во недела, но за тоа мора да платат поголема дневница. Вчера истече законскиот рок за исплата на јануарската плата на која треба да бидат додадени поголемите дневници.
-
Холандска компанија ВРАБОТУВА во КУМАНОВО
ДПТУ Стил Кон Дооел Куманово, членка на Gerliko Group од Холандија, е компанија основана во Македонија со главна дејност производство и монтажа на челични конструкции и преработка на арматурно железо со 14 годишно искуство. Лоцирана во Мл. Нагоричане, одалечена 10 км од Куманово на магистрален пат Куманово-Софија.
-
Се повеќе понуди за оваа работна позиција, а сами си го бирате работното време! Лесно се учи, а многу се заработува
Поради големата потреба за стручњаци со овие знаења и вештини, како и недостатокот на квалификувани луѓе, софтвер-тестерите денес се подеднакво побарувани како и девелоперите, што ја прави оваа професија добар избор за секој кој го привлекува работата во IT-индустријата, а не би работел исклучиво со програмирање.
-
Време е да се подготвиме за враќање во новата нормалност и да се олеснат некои мерки - Предлагаат Словенечките епидемиолози
Словенечките епидемиолози и предложија на Владата да ги олесни мерките и да почне со подготовки за „нова нормалност“ во епидемијата чиј петти бран стивнува
-
Руски академик тврди: До 2600 година луѓето ќе станат бесмртни
Рускиот академик Алексеј Турчин тврди дека до 2600 година луѓето ќе станат бесмртни и дека тогаш мртвите ќе можеме да ги враќаме во живот
-
Утре овие скопски општини ќе бидат без струја
Најава за прекин на струјата во две скопски општини
-
„Алкалоид“ ја пушти во функција својата нова професионална дигитална платформа за медицински професионалци
При одбројувањето на третата година од глобалната пандемија, како и сиот свет така и нашата компанија мина низ процес на брзи промени и на трансформација на работењето на сите нивоа
-
Зошто да започнете кариера како developer во Scandiweb?
Дозволете ни да споделиме неколку причини ЗОШТО тоа е добра идеја