Актуелно
Во рубриката актуелно ве информираме за сите новости кои се однесуваат на пазарот на трудот во Македонија и светот. Вработеноста, вработувањето, просечната плата и Законот за работни односи се теми кои редовно ги следиме и за кои секојдневно информираме. Барањето работа ќе ви биде значително полесен процес доколку сте информирани за новостите кои ние ви ги подготвуваме. Вестите за пазарот на трудот се идеални за луѓе кои бараат работа, работодавци, претприемачи и вработени професионалци. Многумина ќе ги интересира и како сме се посрамотиле на работа, дали одиме на работа настинати, дали ја работиме работата што ја сакаме, дали создаваме пријателства на работното место и какви се резултатите од популарните анкети објавени на порталот Vrabotuvanje.com.mk. Информираме и за одредени вести од сферата на економијата и бизнисот, но најважното подрачје за нас останува пазарот на трудот. Тука се и актуелностите од сферата на човечките ресурси, условите за работа и најновите истражувања на порталот Vrabotuvanje.com.mk. Најпопуларни теми се истражувањата за големината на платата, кој е најдобар работодавач во Македонија, дали сакаат македонските работници да работат во странство и останати полесни теми како што се уредност на работа и пиење кафе на работното место.
-
„Да се работи во ДС Смит, значи да се работи со професионалци“ - Интервју со Александар Трпевски, Раководител на дизајн
Во ДС Смит секој ја добива својата шанса за кариерен развој. Сите што сакаат да станат дел од нашиот тим ги поканувам да се придружат на нашето ДС Смит семејство и да очекуваат топло добредојде. Ќе наидат на поддршка и внимание и од колегите и од претпоставените.
-
Специјалците од „Тигар“ во содејство со Хеликоптерската единица при МВР спасија изнемоштено лице од Галичник
По упатен повик до Центарот за управување со кризи беше побарана помош од Министерството за внатрешни работи за евакуација на болно изнемоштено лице
-
Шведска ги укина мерките, ги прекина тестирањата и ги отвори границите
Дури и бројките на заразени и починати исчезнаа од ударните позиции во шведските медиуми
-
Маските во училиштата и сертификатите засега остануваат, за прележаните се продолжуваат на 180 дена
Сé уште сме во фаза на широка трансмисија на вирусот и рано е за укинување на ковид-сертификатите, смета Комисијата за заразни болести. Предлага продолжување на сертификатот по прележана болест од сегашните 45 на 180 дена. Вакцинацијата останува најдобра заштита од КОВИД-19, особено од хоспитализација и смрт. Засега не се размислува за задолжителна вакцинација, туку како таа да се поттикне.
-
Огласите на Vrabotuvanje.com ќе испратат голем број Македонци на сезонска работа во Хрватска
Вкупно се собрани повеќе од 11.000 апликации за огласените работни места
-
2 слободни позиции за работа во ЕВН
За потребите на одделот Мерење и МДМ во група Системи за броила со локална комуникација, ЕВН има потреба од кандидати за следните позиции:
-
Се чека ред за во градинка, а запишани деца не одат заради страв од ковид
Градинките во државата веќе година и пол се отворени за згрижување деца под посебни протоколи во време на пандемија. Директорките на неколку градинки велат дека во некои од нив нема доволно место за да се примат сите деца, па поради тоа листите за чекање се полни, а од друга страна, родители кои си ги запишале децата, се плашат да ги носат заради ковид.
-
Минималната плата се зголеми, но продуктивноста "тапка" во место
Минималната плата се зголеми на 18.000 денари, но од Teкстилниот кластер велат дека продуктивноста засега не може да се зголеми.
-
Каде денес во Скопје ќе нема вода?
Од јавното претпријатие „Водовод и канализација“ известуваат дека денескаеда), поради поврзување од стара на нова водоводна мрежа на улицата „Иван Хаџи Николов“ бб (пред мостот „Mала Рада“), прекинато водоснабдување ќе имаат дел од корисниците од улиците: „Сердарот“ „Иван Хаџи Николов“ и дел од улицата „Речиште“.
-
Професијата „душкало“ навистина постои во автомобилската индустрија
Мириса на ново: Фабриките за автомобили за ова ангажираат специјални „душкала“