Актуелно
Во рубриката актуелно ве информираме за сите новости кои се однесуваат на пазарот на трудот во Македонија и светот. Вработеноста, вработувањето, просечната плата и Законот за работни односи се теми кои редовно ги следиме и за кои секојдневно информираме. Барањето работа ќе ви биде значително полесен процес доколку сте информирани за новостите кои ние ви ги подготвуваме. Вестите за пазарот на трудот се идеални за луѓе кои бараат работа, работодавци, претприемачи и вработени професионалци. Многумина ќе ги интересира и како сме се посрамотиле на работа, дали одиме на работа настинати, дали ја работиме работата што ја сакаме, дали создаваме пријателства на работното место и какви се резултатите од популарните анкети објавени на порталот Vrabotuvanje.com.mk. Информираме и за одредени вести од сферата на економијата и бизнисот, но најважното подрачје за нас останува пазарот на трудот. Тука се и актуелностите од сферата на човечките ресурси, условите за работа и најновите истражувања на порталот Vrabotuvanje.com.mk. Најпопуларни теми се истражувањата за големината на платата, кој е најдобар работодавач во Македонија, дали сакаат македонските работници да работат во странство и останати полесни теми како што се уредност на работа и пиење кафе на работното место.
-
Снег, па сонце - УХМР соопшти кога да очекуваме промена на времето
Времето ќе биде променливо облачно и студено со сончеви периоди
-
ИТ-секторот со уште поголеми плати, до крајот на 2023 ќе се укине персоналниот данок
Се предвидуваат и други стимулативни мерки во овој сектор, како ослободување од данок за преквалификација, обука, дообука во компаниите, ослободување од данок од трошоците кои се прават за лиценци за ИТ индустријата.
-
ESI за потребите на своите реномирани клиенти ВРАБОТУВА на 10 позиции
ESI (Employment Services International) за потребите на своите реномирани клиенти ВРАБОТУВА на повеќе позиции:
-
Поради работа или образование дел од Македонците од Албанија мигрираат во Македонија
Долги години, дел од Македонците од Албанија поради работа и образование, а со цел обезбедување на подобри услови за живот, мигрираат во Македонија. Оваа појава не е масовна, но сепак постои.
-
Компаниите кои добиле субвенција од шестиот пакет, а не ги исполниле обврските треба да вратат дел од парите
Компаниите кои добиле финансиска поддршка преку шестиот пакет мерки, а не го исполниле условот за претворање на поддршката во грант, треба да вратат 20 проценти од добиената поддршка доколку го задржале истиот број на вработени или 50 проценти од поддршката ако имаат намалување на бројот на вработени.
-
Ќе се олесни ли вадењето на документи од матичната служба!?
Министерот за правда напомена дека изминатите денови имал средба со директорот на службата за матична евиденција, со кој се разговарало системски да се олесни издавањето на извод, венчаница, посмртница.
-
МИК Свети Николе ВРАБОТУВА во Битола и Струмица!
МИК Свети Николе е компанија со најдолга традиција во месната индустрија. 50-годишната успешна приказна и овозможи на компанијата да прерасне во субјект со највисока репутација и непобитен легитимитет вo сегментот на месната индудстрија во нашата држава. Компанијата располага со современо обучен и респектиран менаџмент и кадар со највисок степен на компетентност,стручност и интегритет.
-
СОНК бара онлајн настава, лекарите велат дека треба да се навикнеме на новата нормалност
Претседателот на СОНК во Топ Тема на која за дискутираше за продолжувањето на школската година со физичко присуство, рече дека синдикатот нема никаква улога во процесот за одлучување. СОНК ја поздравија одлуката за продолжување на зимскиот распуст за две недели, но сметаат дека моменталната ситуација не е погодна за продолжување на наставата со физичко присуство.
-
Месото стана луксуз, пилешкото стигна до 200 денари, а за свинското и јунешко треба да си богат!
Месото стана луксуз. Од месарниците најавуваат дека откако ќе се одмрзнат цените, месото повторно ќе поскапи. Освен на пилешкото кое од јули до сега од 120 стигна до 190 денари за килограм, ќе расте и цената на свинското и на јунешкото, кое сега се продава по 500 денари за килограм. Во моментов, еден килограм свинско прва категорија чини 330 денари, а претходно беше 290 денари за килограм, јунешкото од 390 е качено на 510 денари, а поскапени се и смесите за плескавици и за ќебапи по 20 до 30 денари за килограм
-
КАМ ВРАБОТУВА - Плата од 25.400 до 34.000 денари
- работа за кандидати со минимум средно образование