Актуелно
Во рубриката актуелно ве информираме за сите новости кои се однесуваат на пазарот на трудот во Македонија и светот. Вработеноста, вработувањето, просечната плата и Законот за работни односи се теми кои редовно ги следиме и за кои секојдневно информираме. Барањето работа ќе ви биде значително полесен процес доколку сте информирани за новостите кои ние ви ги подготвуваме. Вестите за пазарот на трудот се идеални за луѓе кои бараат работа, работодавци, претприемачи и вработени професионалци. Многумина ќе ги интересира и како сме се посрамотиле на работа, дали одиме на работа настинати, дали ја работиме работата што ја сакаме, дали создаваме пријателства на работното место и какви се резултатите од популарните анкети објавени на порталот Vrabotuvanje.com.mk. Информираме и за одредени вести од сферата на економијата и бизнисот, но најважното подрачје за нас останува пазарот на трудот. Тука се и актуелностите од сферата на човечките ресурси, условите за работа и најновите истражувања на порталот Vrabotuvanje.com.mk. Најпопуларни теми се истражувањата за големината на платата, кој е најдобар работодавач во Македонија, дали сакаат македонските работници да работат во странство и останати полесни теми како што се уредност на работа и пиење кафе на работното место.
-
Ќе има ли проширување на листата за лекови кои се на товар на Фондот за здравство?
Највозрасните, кои и најчесто се разболуваат, не можат да си дозволат поквалитетни лекови, затоа што немаат пари да ги платат. Такви се над 230 илјади пензионери, кои месечно живеат со 16.000 денари.. Од нив, речиси 90.000 земаат пензија до 11.000 денари.
-
Решенијата за изолација ќе се објавуваат на веб-страницата на ДСЗИ
Причина за ваквата измена е зголемениот број граѓани за кои се определува мерката изолација и поради намалениот број денови за изолација, а со цел брз проток на информациите, намалување на временската разлика меѓу моментот кога е констатирана потребата од изолација, издавањето на решението за изолација и неговото објавување Ќе постои можност да биде издадена потврда дека е издадена јавна објава за изолација на писмено барање на граѓаните
-
Добра вест за македонците што планираат да работат на Малта
Досегашната долга процедура за издавање работна виза беше еден од најголемите проблеми за многуте Македонци што заминуваа да работат во оваа островска земја, со оглед на тоа дека без таква виза тие можат да останат на Малта само 3 месеци и да работат на црно
-
Нови ковид протоколи за македонските граѓани за влез во Германија и Шпанија
Сертификатот за вакцинација со три дози призната вакцина од Германија засега ќе имаат неограничена важност
-
Откриено тајно копче – логото на iPhone има своја функција
Знакот јаболко на задната страна на вашиот iPhone не е само украс, туку може да послужи и како копче
-
Тесла повлекува 54.000 автомобили од САД
Поради софтверска грешка
-
Без маски и сертификати секаде - Данска ги укина ковид мерките
Данска од денеска ги укинува речиси сите мерки и покрај се поголемиот број на новозаразени со коронавирус
-
Сметките од ЈП „Водовод и канализација“ ќе можат да се плаќаат на рати без камата
Акција: Долговите кон ЈП „Водовод и канализација“ ќе можат да се плаќаат на рати без пресметка на камата до 15 март
-
Почина креаторот на „Домачица и Плазма бисквити“
Тутавац бил првиот во Југославија кој направил грисини и бил првиот професионален мајстор за производство на колачиња.
-
Нема договор за минимална плата, утре седница на Економско-социјалниот совет
Останува отворено прашањето дали ќе биде исполнето барањето на синдикатот за зголемување на минималната плата на 18.000 денари. Одлуката ќе се носи во среда на Економско-социјалниот совет на кој ќе присуствуваат и работодавачите како трета страна на социјалниот дијалог.