Актуелно
Во рубриката актуелно ве информираме за сите новости кои се однесуваат на пазарот на трудот во Македонија и светот. Вработеноста, вработувањето, просечната плата и Законот за работни односи се теми кои редовно ги следиме и за кои секојдневно информираме. Барањето работа ќе ви биде значително полесен процес доколку сте информирани за новостите кои ние ви ги подготвуваме. Вестите за пазарот на трудот се идеални за луѓе кои бараат работа, работодавци, претприемачи и вработени професионалци. Многумина ќе ги интересира и како сме се посрамотиле на работа, дали одиме на работа настинати, дали ја работиме работата што ја сакаме, дали создаваме пријателства на работното место и какви се резултатите од популарните анкети објавени на порталот Vrabotuvanje.com.mk. Информираме и за одредени вести од сферата на економијата и бизнисот, но најважното подрачје за нас останува пазарот на трудот. Тука се и актуелностите од сферата на човечките ресурси, условите за работа и најновите истражувања на порталот Vrabotuvanje.com.mk. Најпопуларни теми се истражувањата за големината на платата, кој е најдобар работодавач во Македонија, дали сакаат македонските работници да работат во странство и останати полесни теми како што се уредност на работа и пиење кафе на работното место.
-
Сметките од ЈП „Водовод и канализација“ ќе можат да се плаќаат на рати без камата
Акција: Долговите кон ЈП „Водовод и канализација“ ќе можат да се плаќаат на рати без пресметка на камата до 15 март
-
Почина креаторот на „Домачица и Плазма бисквити“
Тутавац бил првиот во Југославија кој направил грисини и бил првиот професионален мајстор за производство на колачиња.
-
Нема договор за минимална плата, утре седница на Економско-социјалниот совет
Останува отворено прашањето дали ќе биде исполнето барањето на синдикатот за зголемување на минималната плата на 18.000 денари. Одлуката ќе се носи во среда на Економско-социјалниот совет на кој ќе присуствуваат и работодавачите како трета страна на социјалниот дијалог.
-
Цени за горива по европски стандард, а европски стандард нема
Бензините повторно поскапеа за македонските граѓани и сега достигнаа европски цени, со единствена разлика што Македонија нема европски стандард.
-
Најмногу отпуштања има во преработувачката индустрија!
Најмногу невработени во Македонија „пристигнале“ од секторот Преработувачка индустрија, покажува извештајот на Државниот завод за ревизија, кој е резултат на глобален проект што треба да даде оценка колку земјите ширум светот се подготвени за предизвиците во однос на работната сила во 2030 година.
-
Вработување во SPAR Хрватска - сите детали за процесот на селекција!
Прочитајте како оди целата процедура и Пријавете се!
-
Во отсуство на работници Словенија ќе вработува пензионери
Владата на Словенија поради недостигот на работна сила одлучи да го надомести тоа преку поголемо активирање на пензионерите. Мерката се очекува да стапи во сила до крајот на годинава.
-
Пекарите алармираат: Работиме со загуба, се плашиме од целосен колапс на индустријата!
Може лебот да го нема на пазарот, предупредуваат од мелничарската индустрија
-
Нов закон во Белгија: Работодавачите не смеат да им се јавуваат на вработените по работното време
Се чини дека сè повеќе земји ја прифаќаат оваа идеја
-
Финска ќе ги укине сите мерки против Ковид-19 во рок од еден месец
Финска од утре ќе почне да ги олеснува ограничувањата воведени поради коронавирусот, а сите мерки ќе бидат укинати во рок од еден месец, изјави денеска премиерката Сана Марин