Актуелно
Во рубриката актуелно ве информираме за сите новости кои се однесуваат на пазарот на трудот во Македонија и светот. Вработеноста, вработувањето, просечната плата и Законот за работни односи се теми кои редовно ги следиме и за кои секојдневно информираме. Барањето работа ќе ви биде значително полесен процес доколку сте информирани за новостите кои ние ви ги подготвуваме. Вестите за пазарот на трудот се идеални за луѓе кои бараат работа, работодавци, претприемачи и вработени професионалци. Многумина ќе ги интересира и како сме се посрамотиле на работа, дали одиме на работа настинати, дали ја работиме работата што ја сакаме, дали создаваме пријателства на работното место и какви се резултатите од популарните анкети објавени на порталот Vrabotuvanje.com.mk. Информираме и за одредени вести од сферата на економијата и бизнисот, но најважното подрачје за нас останува пазарот на трудот. Тука се и актуелностите од сферата на човечките ресурси, условите за работа и најновите истражувања на порталот Vrabotuvanje.com.mk. Најпопуларни теми се истражувањата за големината на платата, кој е најдобар работодавач во Македонија, дали сакаат македонските работници да работат во странство и останати полесни теми како што се уредност на работа и пиење кафе на работното место.
-
Секое сонце за три дена: Од утре повторно дожд и снег
Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност поголема во северните делови од земјата. Кон крајот на денот во североисточните со зголемената облачност ќе има услови за слаб снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Максималната температура ќе достигне од 3 до 11 степени.
-
Не ја пропуштајте можноста да бидете дел од летната работна сезона во ХРВАТСКА!
Јадран е водечка туристичка и угостителска компанија во Хрватска. Во моментот управува со 14 хотели и одморалишта со 2 до 4 ѕвезди и три кампови. Повеќе од 3.000 сместувачки капацитети се наоѓаат на атрактивни локации во Црквеница-Винодол и Макарска ривиера, како и на островот Крк и Истра.
-
АКО ВО ЈАНУАРИ СТЕ ИМАЛЕ ПОСЛАБО ПАРНО, ТРЕБА ДА ДОБИЕТЕ И ПОНИСКИ СМЕТКИ - РКЕ со препорака до корисниците
Граѓаните кои имале неквалитетна испорака на топлинска енергија, треба да добијат и пониски сметки за парно греење, велат од Регулаторната комисија за енергетика
-
Се движиме кон драматичен недостиг од работна сила, ни требаат повеќе доселеници - Германски министер предупредува
Германија треба да ги засили програмите за квалификација и да го интензивира доселувањето на работна сила
-
Кој бара, тој ќе ја најде - можеби баш денес е твојот среќен ден за ВРАБОТУВАЊЕ!
Сите работни позиции на едно место!
-
Домашните ски-центри преполни со гости
Врнежите од снег и ниските температури примамија повеќе туристи во зимските центри, чии претставници посочуваат дека се задоволни од досегашната посетеност. Тие велат дека во јануари капацитетите биле целосно исполнети, а очекуваат солидна посетеност и следниот месец, и покрај почнувањето на второто полугодие од учебната година. Сепак, инволвираните во оваа туристичка дејност додаваат дека на овие центри им се потребни дополнителни содржини и понуди што ќе привлекуваат туристи и во текот на целата година, не само во зимските или летните месеци.
-
Се намалува цената за паркирање во Скопје
Управниот одбор на јавното претпријатие „Градски паркинг“ – Скопје, донесе одлука за намалување на цената за паркирање во Скопје од 1.3.2022.
-
СИТЕ ГИ ЧЕКААТ НОВИТЕ СМЕТКИ ЗА ПАРНО - Како ќе се пресметаат ладните радијатори!?
Согласно Правилникот за утврдување на квалитетот на испорачаната топлинска енергија, потрошувачите кај кои е констатирано со решение од страна на комисијата за проверка на квалитет на испорачаната топлинска енергија дека имаат неквалитетна испорака на топлинска енергија треба да добијат пониски сметки, информира Регулаторната комисија.
-
Оглас за вработување во Socotab - Бараме ИТ специјалист
Сокотаб е еден од водечките трговци со ориентален тутун во светот, кој обезбедува квалитетен, усогласен ориентален тутун за врвните светски производители на цигари.
-
До крајот на февруари остануваат замрзнати цените на основните прехранбени производи
Владата на својата осма седница донесе одлука до 28 февруари 2022 година да продолжи важноста на мерката за определување највисоки цени на основните прехранбени производи – лебот, шеќерот, брашното – тип 400, сончогледовото масло за јадење, трајното млеко со масленост од 2,8, 3,2 и 3,5 проценти, свежото месо и сувомеснатите производи, сирењето и урдата, оризот, јајцата и тестенините.