Актуелно
Во рубриката актуелно ве информираме за сите новости кои се однесуваат на пазарот на трудот во Македонија и светот. Вработеноста, вработувањето, просечната плата и Законот за работни односи се теми кои редовно ги следиме и за кои секојдневно информираме. Барањето работа ќе ви биде значително полесен процес доколку сте информирани за новостите кои ние ви ги подготвуваме. Вестите за пазарот на трудот се идеални за луѓе кои бараат работа, работодавци, претприемачи и вработени професионалци. Многумина ќе ги интересира и како сме се посрамотиле на работа, дали одиме на работа настинати, дали ја работиме работата што ја сакаме, дали создаваме пријателства на работното место и какви се резултатите од популарните анкети објавени на порталот Vrabotuvanje.com.mk. Информираме и за одредени вести од сферата на економијата и бизнисот, но најважното подрачје за нас останува пазарот на трудот. Тука се и актуелностите од сферата на човечките ресурси, условите за работа и најновите истражувања на порталот Vrabotuvanje.com.mk. Најпопуларни теми се истражувањата за големината на платата, кој е најдобар работодавач во Македонија, дали сакаат македонските работници да работат во странство и останати полесни теми како што се уредност на работа и пиење кафе на работното место.
-
200 НОВИ ВРАБОТУВАЊА: Мајорел - Глобален водечки контакт центар доаѓа во Скопје
Мајорел отвора канцеларија во Скопје - Оваа година компанијата ќе отвори 200 нови работни места
-
Се укинуваат фискалните сметки во Словенија
Во Словенија стапија на сила измената на Законот за данокот на додадена вредност, која меѓу другото носи и укинување на доставата на фискални сметки. Продавачите на стоки и услуги ќе му дадат сметка на купувачот само по експлицитно барање.
-
Уште 8 дена „замрзнати“ цени во маркетите, а после тоа?!
Македонија ја зарши претходната година со раст на цените од 3,2 проценти, што е минимално повеќе од проектираниот раст од 3,1 отсто, соопшти Народната банка. Во меѓувреме, предупредува централата, се уште има ценовни притисоци и потребно е внимателно следење. Од Народната банка велат дека ќе преземат мерки, ако се потребни, а Владата веќе замрзна дел од цените на прехранбените производи во текот на декември лани. Оваа одлука завршува за 8 дена односно цените се замрзнати до 31 јануари и засега нема најава дека ќе продолжи. Додека се чека официјално, познавачите велат дека замрзнувањето на цените не даде значаен ефект, а во меѓувреме во „вис“ отидоа цените на некои други прехранбени производи.
-
ФОТО: Снежна идила во скопската Зоолошка градина
Погледнете ја оваа снежна идила во скопската Зоолошка градина
-
Продолжен рокот за пријавување на ДДВ
Крајниот рок за поднесување на ДДВ-04 пријавата се продолжува за три работни дена, односно краен рок за поднесување на ДДВ-04 пријавите ќе се смета 28 јануари 2022 година.
-
Македонија има 63 "ТОП" пензионери кои имаат највисока пензија
Вкупниот број на пензионери пак се зголемил на 328.570 лица додека просечната пензија во декември изнесувала 15.876 денари.
-
ССМ: Дневници за работа во недела мора да се исплатат, бараме поредовна контрола!
Во текот на февруари Сојузот на синдикати на Македонија ќе започне кампања со која секој месец ќе бидат опфатени по две дејности во кои ќе се анализира дали навистина се почитува исплатата на дневница на работниците за работа во недела, кои мора да бидат минимум 50 отсто зголемена дневница, вели претседателот на Синдикатот.
-
ЈСП: Голем интерес кај граѓаните за вратените ноќни линии
Граѓаните покажуваат голем интерес за користење на вратените ноќни линии на ЈСП, коишто од пред околу еден месец повторно се во функција, велат од претпријатието.
-
Времето денеска: Сончево, многу студено и ветровито!
Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност, многу студено и ветровито.
-
Утре прекин на сообраќајот на делницата Кичево - Охрид!
АМСМ СЛУЖБА ЗА ПОМОШ И ИНФОРМАЦИИ известува: