Актуелно
Во рубриката актуелно ве информираме за сите новости кои се однесуваат на пазарот на трудот во Македонија и светот. Вработеноста, вработувањето, просечната плата и Законот за работни односи се теми кои редовно ги следиме и за кои секојдневно информираме. Барањето работа ќе ви биде значително полесен процес доколку сте информирани за новостите кои ние ви ги подготвуваме. Вестите за пазарот на трудот се идеални за луѓе кои бараат работа, работодавци, претприемачи и вработени професионалци. Многумина ќе ги интересира и како сме се посрамотиле на работа, дали одиме на работа настинати, дали ја работиме работата што ја сакаме, дали создаваме пријателства на работното место и какви се резултатите од популарните анкети објавени на порталот Vrabotuvanje.com.mk. Информираме и за одредени вести од сферата на економијата и бизнисот, но најважното подрачје за нас останува пазарот на трудот. Тука се и актуелностите од сферата на човечките ресурси, условите за работа и најновите истражувања на порталот Vrabotuvanje.com.mk. Најпопуларни теми се истражувањата за големината на платата, кој е најдобар работодавач во Македонија, дали сакаат македонските работници да работат во странство и останати полесни теми како што се уредност на работа и пиење кафе на работното место.
-
Утре врнежи од снег во поголемиот дел од земјава!
Времето денеска ќе сончево со мала локална облачност. Попладне во западните и северните делови облачноста ќе се зголеми, а во вечерните и ноќните часови ќе има врнежи, претежно од снег. До изутрина во овие делови ќе се формира нова снежна покривка. Ќе дува слаб, а во западните подрачја умерен ветер од западен правец, информираат од УХМР.
-
За викенди и државни празници бесплатен паркинг кај „Дом на печат“
Градот Скопје и ЈП „Градски паркинг“ ги известуваат граѓаните дека...
-
18.000 денари минимална плата во 2022 година!?
Сојузот на синдикати на Македонија и Владата ќе одржат средба на 24 јануари и на неа ќе се разговара за барањата на синдикатот за зголемување на минималната плата и за примената на законските измени со кои недела е прогласен за неработен ден.
-
Барате работа во IT сектор? Во моментот активни над 70 слободни огласи
Барате работа во IT сектор? Во моментот активни над 70 слободни огласи
-
АНКЕТА: 40% НЕ ДОБИЛЕ К15
„Ми исплатија К15 и требаше истиот ден да ги подигнеме парите од банка и да ги вратиме на работодавачот“
-
Туризмот се враќа во нормала дури 2024 година?!
Туристичките текови ширум светот се очекува да се вратат на нивоата пред пандемијата не порано од 2024-та година, соопшти Светската туристичка организација на Обединетите нации.
-
Директни летови од Скопје до Софија за 50 евра - Ќе се лета директно и за Канада и САД
Директните летови меѓу Софија и Скопје, договорени од премиерите на Бугарија и Македонија во вторник, ќе ги обнови матичната стартап компанија ГуливЕр, дознава Сега.
-
Цената на свинското месо нема да се зголеми, а нема да има ниту недостиг на пазарот
Не би требало да се соочиме со зголемување на цената на свинското месо, бидејќи во моментов потребите на нашиот пазар целосно се задоволуваат од домашно производство, дури има и вишоци. Месото од свињи, кое е претходно прегледано, со негативен резултат на африканската свинска чума не е опасно за консумирање, вели директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство.
-
Германија ја врати Македонија на листата на ризични земји
Со нов ковид протокол е и Република Финска, односно сите лица вклучувајќи и наши државјани кои не можат да се вакцинираат од медицински причини, можат да влезат во земјата доколку имаат лекарско уверение кое го покажува тоа, заедно со потврда за негативен тест на ковид, не постар од 48 часа.
-
Британија ги укинува ковид пропусниците и маските
Од следната недела граѓаните во Англија повеќе нема да бидат обврзани да носат маски или да работат од дома