Актуелно
Во рубриката актуелно ве информираме за сите новости кои се однесуваат на пазарот на трудот во Македонија и светот. Вработеноста, вработувањето, просечната плата и Законот за работни односи се теми кои редовно ги следиме и за кои секојдневно информираме. Барањето работа ќе ви биде значително полесен процес доколку сте информирани за новостите кои ние ви ги подготвуваме. Вестите за пазарот на трудот се идеални за луѓе кои бараат работа, работодавци, претприемачи и вработени професионалци. Многумина ќе ги интересира и како сме се посрамотиле на работа, дали одиме на работа настинати, дали ја работиме работата што ја сакаме, дали создаваме пријателства на работното место и какви се резултатите од популарните анкети објавени на порталот Vrabotuvanje.com.mk. Информираме и за одредени вести од сферата на економијата и бизнисот, но најважното подрачје за нас останува пазарот на трудот. Тука се и актуелностите од сферата на човечките ресурси, условите за работа и најновите истражувања на порталот Vrabotuvanje.com.mk. Најпопуларни теми се истражувањата за големината на платата, кој е најдобар работодавач во Македонија, дали сакаат македонските работници да работат во странство и останати полесни теми како што се уредност на работа и пиење кафе на работното место.
-
СЕ ОТКАЖУВААТ ОД ТАКСАТА ЗА ВИЗА - Австралија нема работници поради ковид и ги повикува сите млади туристи да прифатат сезонска работа
Австралиските власти ги повикаа младите туристи од странство да прифатат сезонски работни места во земјоделството и угостителството за време на посета на државата за да се ублажи недостигот на работна сила поради ширењето на инфекцијата со Ковид 19
-
Не сте земале плата два месеци? - Еве кои се вашите права
Не сте земале плата два месеци? Не ви тече здравственото осигурување, а се' уште имате договор за вработување? Еве кои се казните за работодавачот што не се придржува кон тоа навремено да ги исполни обврските кон вработените.
-
Дали сте заглавени на токсична работа? Овие 5 знаци го покажуваат тоа
Можеби сте слушнале за токсични врски, но токсична работа? Всушност, многумина од нас работат на начин што го прави најубавото дело да биде штетно за нашето ментално и физичко здравје
-
Доколку работите за Водици ви следува празнична дневница
Пристигнати се околу 40-тина пријави од работнички од речиси сите општини во земјава дека утре ќе работат за време на православниот празник Богојавление – Водици, вели Кристина Ампева од НВО „Гласен Текстилец“-Штип. Таа појаснува дека сопствениците на фабриките согласно Законот не пријавуваат во Државниот трудов инспекторат оти утре нивните работници ќе бидат на своите работни места и ќе тече производството, но на работниците доколку се на работните места и за нивниот труд им следува празнична дневница.
-
Денес ЈСП ќе вози по неделен возен ред
Со исклучок на неколку линии
-
Ќе остане ли недела неработен ден?
Работниците ќе излезат на улица ако Уставниот суд ги поништи законите за недела-неработен ден. Од Сојузот на синдикати на Македонија со остра реакција на иницијативата на бизнис секторот за оценување на уставноста на донесените закони.
-
Следува измена на наставните програми со цел завршување на учебната година на 10 јуни
Владата на вчерашната седница донесе Одлука за утврдување на бројот на наставните денови во учебната 2021/2022 година во основните училишта во услови на вонредни околности.
-
Европската унија ќе ги менува етикетите за храната
Нови промени доаѓаат од Брисел во означувањето на рокот на траење на прехранбените производи. Европската комисија ќе ги менува ознаките „најдобро да се употреби до“ бидејќи во нив го гледа виновникот што во Унијата 20 отсто од храната завршува во отпад. Европската комисија затоа се движи кон промена на ознаките „да се употреби до“ и „најдобро да се употреби до“ бидејќи анкетата покажа дека половина од граѓаните не ја разбираат разликата.
-
Се очекува да се зголеми бројот на вработени во преработувачката индустрија
Индикаторот на доверба во преработувачката индустрија во декември 2021 година е намален за 0,1 процентен поен во однос на ноември 2021 година и изнесува 14,4, а во споредба со декември 2020 година е зголемен за 0,7 процентни поени
-
Sample Solutions - глобален врвен снабдувач на примероци за истражување на анкети ВРАБОТУВА во Скопје!
Sample Solutions отвора канцеларија во Скопје. Фокусот ќе биде насочен кон развој на веб, лансирање на нови производи и услуги, но и маркетинг и продажни активности.