Актуелно
Во рубриката актуелно ве информираме за сите новости кои се однесуваат на пазарот на трудот во Македонија и светот. Вработеноста, вработувањето, просечната плата и Законот за работни односи се теми кои редовно ги следиме и за кои секојдневно информираме. Барањето работа ќе ви биде значително полесен процес доколку сте информирани за новостите кои ние ви ги подготвуваме. Вестите за пазарот на трудот се идеални за луѓе кои бараат работа, работодавци, претприемачи и вработени професионалци. Многумина ќе ги интересира и како сме се посрамотиле на работа, дали одиме на работа настинати, дали ја работиме работата што ја сакаме, дали создаваме пријателства на работното место и какви се резултатите од популарните анкети објавени на порталот Vrabotuvanje.com.mk. Информираме и за одредени вести од сферата на економијата и бизнисот, но најважното подрачје за нас останува пазарот на трудот. Тука се и актуелностите од сферата на човечките ресурси, условите за работа и најновите истражувања на порталот Vrabotuvanje.com.mk. Најпопуларни теми се истражувањата за големината на платата, кој е најдобар работодавач во Македонија, дали сакаат македонските работници да работат во странство и останати полесни теми како што се уредност на работа и пиење кафе на работното место.
-
5 најдобри практики за Програми за препознавање и наградување на вработените
Што подразбираме под Препознавање на Вработените (Employee Recognition) и зошто е тоа важно?
-
За два месеци најавeно воспоставување авиолинија Софија – Скопје
За околу два месеци треба да биде воспоставена авиолинија од Софија до Скопје
-
„Samsung“ ги зголемува цените на своите нови телефони?
Се очекува „Samsung“ да го претстави својот најнов телефон од серијата „Galaxy S22“ за неколку недели, а во меѓувреме се појавија нови гласини за овие уреди
-
Sport Life ги вреднува вработените, наградени 60 најуспешни за 2021 година
Водечката компанија во областа на игри на среќа и спортски обложувалници „Sport Life“, на најуспешните 60 вработени за 2021 година, им додели ваучери во износ од 12.000 денари за одмор или летување во посакуваната дестинација
-
ЈСП утре ќе вози по неделен возен ред, со исклучок на неколку линии
Јавното сообраќајно претпријатие Скопје соопшти дека утре, среда (19.01.2022 год), поради верскиот празник Богојавление (Водици), јавниот превоз ќе функционира по неделен возен ред.
-
Ако го посадите ова дрво, по три години ќе заработите за стан
Во Европа ова дрво го промовирале Германците, и тоа е замена за енергент
-
Во Хрватска од лето цените ќе се искажуваат во куни и во евра
Хрватска планира да го воведе еврото како своја валута во 2023 година, но конечната одлука ќе ја донесе Советот на Европската Унија.
-
Прогласена кризна состојба во снабдувањето со топлинска енергија
Одлука за постоење на кризна состојба во снабдувањето со топлинска енергија донесе на седница Владата, на предлог на Управувачкиот комитет за координација и управување во системот за управување со кризи.
-
Стопанската комора пред Уставен ја оспори „недела – ден за одмор"
Стопанската комора ги оспорила пред Уставен суд законските одредби со кои неделата беше прогласена за неработен ден. Како што соопштија од Уставен, Стопанската комора ги оспорила измените и дополнувањата во Законот за работни односи како спротивни на слободата и пазарот на претприемништво, темелните вредности и еднаквоста на граѓаните.
-
Снежната бура откажа повеќе од 4.000 летови
Снежната бура која се движи од источниот брег на САД кон Канада ќе донесе повеќе од 60 сантиметри снег во некои области, а ќе приземји авиони и ќе предизвика бројни сообраќајни метежи.