Актуелно
Во рубриката актуелно ве информираме за сите новости кои се однесуваат на пазарот на трудот во Македонија и светот. Вработеноста, вработувањето, просечната плата и Законот за работни односи се теми кои редовно ги следиме и за кои секојдневно информираме. Барањето работа ќе ви биде значително полесен процес доколку сте информирани за новостите кои ние ви ги подготвуваме. Вестите за пазарот на трудот се идеални за луѓе кои бараат работа, работодавци, претприемачи и вработени професионалци. Многумина ќе ги интересира и како сме се посрамотиле на работа, дали одиме на работа настинати, дали ја работиме работата што ја сакаме, дали создаваме пријателства на работното место и какви се резултатите од популарните анкети објавени на порталот Vrabotuvanje.com.mk. Информираме и за одредени вести од сферата на економијата и бизнисот, но најважното подрачје за нас останува пазарот на трудот. Тука се и актуелностите од сферата на човечките ресурси, условите за работа и најновите истражувања на порталот Vrabotuvanje.com.mk. Најпопуларни теми се истражувањата за големината на платата, кој е најдобар работодавач во Македонија, дали сакаат македонските работници да работат во странство и останати полесни теми како што се уредност на работа и пиење кафе на работното место.
-
Најголем раст на цената на становите: Колку чини квадрат во „Златниот град“?
Целата 2021 година беше одбележана со раст на цените во различни правци, при што се издвојува областа на недвижностите, особено домувањето
-
Apple ги обврзува своите вработени да примат „бустер“ доза
Американската компанија Apple од 15 февруари ќе бара од своите вработени кои работат во канцелариите и продавниците да подлежат на засилена вакцина против коронавирус
-
Сè уште се чека да профункционира системот за изнајмување велосипеди како алтернативен превоз
Во услови на рекорден број на регистрирани автомобили на скопските улици и константно намалување на бројот на превезени патници во јавниот превоз, во Скопје веќе четврта година по ред не функционира системот за изнајмување на велосипеди.
-
Дел од факултетите сами ќе одлучуваат како ќе продолжат предавањата
Дел од факултетите и овој семестар сами ќе бираат како ќе продолжат со академската година – онлајн, со физичко присуство, или пак комбинирано.
-
Охрид подготвен за Водици, се чистеше езерото и се украсува градот
Се чисти дното на Охридското езеро, Охрид се подготвува за големиот празник Богојавление - Водици. Иако со скратена програма поради ковид пандемијата, осветувањето на водите на Охридското Езеро и одбележувањето на големиот верски празник оваа година ќе се одржи.
-
Занаетчиите од Охрид со ново барање за работа во недела
Занаетчиите велат дека загубите се и онака големи па поради тоа дел од нив ставиле и клуч на врата.
-
АМСМ: Внимавајте на одрони - ова се "критичните" точки!
Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно суви коловози.
-
Денес „сонце со заби“ – еве какво време не очекува до крајот на работната недела
Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и со слаб ветер од променлив правец.
-
Во земјоделството нема кој да работи ни за 1.200 денари дневница: Откуп има, производство нема!
Потребите на домашниот пазар се задоволуваат со увоз, најмногу од Албанија затоа што поради меѓудржавни договори при увозот нема други давачки освен ДДВ
-
Недостасуваат најмалку 40 машиновозачи. Ако не се најдат барем половина, функционирањето ќе биде многу тешко
МЖ Транспорт се бори со недостаток на работници. Најмногу недостасуваат машиновозачи. Од независниот синдикат велат дека во моментов, располагаат со 60 тина машиновозачи, но за брзо бројката ќе биде намалена за 20 лица, кои треба да заминат во пензија.