Актуелно
Во рубриката актуелно ве информираме за сите новости кои се однесуваат на пазарот на трудот во Македонија и светот. Вработеноста, вработувањето, просечната плата и Законот за работни односи се теми кои редовно ги следиме и за кои секојдневно информираме. Барањето работа ќе ви биде значително полесен процес доколку сте информирани за новостите кои ние ви ги подготвуваме. Вестите за пазарот на трудот се идеални за луѓе кои бараат работа, работодавци, претприемачи и вработени професионалци. Многумина ќе ги интересира и како сме се посрамотиле на работа, дали одиме на работа настинати, дали ја работиме работата што ја сакаме, дали создаваме пријателства на работното место и какви се резултатите од популарните анкети објавени на порталот Vrabotuvanje.com.mk. Информираме и за одредени вести од сферата на економијата и бизнисот, но најважното подрачје за нас останува пазарот на трудот. Тука се и актуелностите од сферата на човечките ресурси, условите за работа и најновите истражувања на порталот Vrabotuvanje.com.mk. Најпопуларни теми се истражувањата за големината на платата, кој е најдобар работодавач во Македонија, дали сакаат македонските работници да работат во странство и останати полесни теми како што се уредност на работа и пиење кафе на работното место.
-
Изречени првите казни за недела неработен ден
Во првата неработна недела од годинава, на втори јануари се извршени 38 надзори од страна на трудовите инспектори при што биле констатирани девет неправилности.
-
Како да уживате во водењето на сопствен бизнис?
Вдишете длабоко, опуштете се и уживајте во возењето
-
Инспирирајте ги другите на 5 начини!
Дали знаете што значи да се биде добар лидер? Способноста да ги поттикнете другите
-
„Ако не менувате мислење често, ќе грешите многу“: Животните правила на Безос како лекција за 2022 година
Еден од најуспешните луѓе во светот, и доскоро најбогат, Џеф Безос, несомнено знае да прави бизнис: има сенс и знаење за бизнис, но и социјална интелигенција, неопходни за добра комуникација со луѓето
-
Австралиската драма на Новак Ѓоковиќ ќе добие серија на „Нетфликс“
Драматичната ситуација во која се најде водечкиот светски рекет, Србинот Новак Ѓоковиќ, во изминатите десет дена, ќе биде прикажана во форма на документарен серијал на „Нетфликс“, пренесе „Спортсмејл“
-
Нова мерка во Грција – казна од 100 евра за невакцинираните
Невакцинираните лица постари од 60 години ќе треба да плаќаат по 100 евра месечно
-
Поскапувањето на струјата ќе го намали бројот на вработените
Деновиве наназад разговаравме со повеќе фирми, сите кои имаат договори со фирми снабдувачи на електрична енергија добија поголеми фактури со над 50 до 70 отсто, дополнително им се раскинуваат и договорите кои ги склучиле минатата година, некои едноставно не можат и не смеат да прекинат со работа, намалувањето на трошењето (штедењето) на енергија, кое не е директно поврзано со производствените и базичните процеси на работа, незначително ја намалува потрошувачката, вели Миле Бошков од Конфедерацијата за работодавачи за „Локално“ за поскапувањето на струјата.
-
Од 16 јануари нови правила за влез во Германија за македонските граѓани
Нашата држава повторно е подрачје со висок ризик на инфекција со Ковид-19 за Германија, објави на својата фејсбук страна Германската амбасада.
-
Работа во Хрватска: Плата од 700 до 2.000 ЕВРА
Бараме кандидати алпинисти-висачи, ѕидари, тесари, скелари, армирачи, ракувачи со хидраулична платформа-автодигалка, ракувачи со градежна бушилица, ракувачи со машина за инектирање/торкретирање, возач со Ц и Е категорија.
-
19 јануари е неработен ден за граѓаните од православната вероисповед
Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно со Законот за празниците на РМ („Службен весник на РМ” бр.21/98 и 18/07), 19 јануари 2022 година (среда), Богојавление (Водици), е неработен ден за граѓаните од православната вероисповед во Република Северна Македонија.