Актуелно
Во рубриката актуелно ве информираме за сите новости кои се однесуваат на пазарот на трудот во Македонија и светот. Вработеноста, вработувањето, просечната плата и Законот за работни односи се теми кои редовно ги следиме и за кои секојдневно информираме. Барањето работа ќе ви биде значително полесен процес доколку сте информирани за новостите кои ние ви ги подготвуваме. Вестите за пазарот на трудот се идеални за луѓе кои бараат работа, работодавци, претприемачи и вработени професионалци. Многумина ќе ги интересира и како сме се посрамотиле на работа, дали одиме на работа настинати, дали ја работиме работата што ја сакаме, дали создаваме пријателства на работното место и какви се резултатите од популарните анкети објавени на порталот Vrabotuvanje.com.mk. Информираме и за одредени вести од сферата на економијата и бизнисот, но најважното подрачје за нас останува пазарот на трудот. Тука се и актуелностите од сферата на човечките ресурси, условите за работа и најновите истражувања на порталот Vrabotuvanje.com.mk. Најпопуларни теми се истражувањата за големината на платата, кој е најдобар работодавач во Македонија, дали сакаат македонските работници да работат во странство и останати полесни теми како што се уредност на работа и пиење кафе на работното место.
-
Бугарија и Романија од 1 јануари влегуваат во Шенген-зоната
Бугарија и Романија од почетокот на 2025 година стануваат целосни членки на безвизниот Шенген систем, откако контролите на воздушните и поморските граници веќе беа укинати на 31 март годинава.
-
Во Федерацијата Босна и Херцеговина стапува на сила забраната за пушење во сите затворени објекти
Во петок, на 13 декември, ќе започне имплементацијата на Правилникот за забрана на пушење во сите затворени објекти во Федерацијата Босна и Херцеговина
-
Македонската кујна на 47. место меѓу најдобрите 100 национални кујни во светот
Популарниот гастрономски портал за храна и патувања, „Тејст атлас“ (Taste Atlas) ја објави листата на 100 најдобри национални кујни во светот за 2024 – 25 година. Македонската кујна го зазеде 47. место (со оценка 4,16 од 5).
-
Како изгледа ручекот во шведските училишта? Оброците се вкусни, безбедни и нутритивно богати
На социјалната мрежа „Х“ се појави снимка од корисничката по име Алекс која сподели снимка од училишната кантина во Шведска.
-
Колку трошат Македонците на празнични подароци?
Со приближувањето на новогодишните и божикните празници, македонските домаќинства се подготвуваат за магичниот период на делење подароци. Иако економската состојба влијае на буџетот за празнични подароци, Македонците успешно одржуваат традиција што ги става блиските луѓе и искрените гестови во преден план.
-
TikTok лансираше онлајн продавница
Во првиот чекор кон проширување на европскиот пазар, социјалната мрежа TikTok лансираше услуга за купување во апликација во Шпанија и во Ирска. Така, TikTok ја лансираше TikTok Shop, овозможувајќи им на корисниците да купуваат директно преку социјалната мрежа.
-
2024 година ќе ја испратиме како најтопла година досега
Во периодот од јануари до ноември 2024 година, глобалната просечна температура е за 0,72°C повисока од просекот за 1991-2020 година, што претставува највисока забележана вредност за овој период и е за 0,14°C повисока од истиот период во 2023 година. Со овие резултати, извесно е дека 2024 година ќе биде најтоплата година досега
-
Турците најбројни гости: Во октомври дошле 23.838 посетители од Турција
Турците и понатаму се најбројни туристи во Македонија, а зад нив следат Србите и Германците.
-
Дали на вашето куче му е навистина потребна облека во текот на зимата?
Ј.П. Лајка објави информативен текст, корисен за сите сопственици на кучиња:
-
Доколку планирате празнично патување, ова може да ви го уништи: Посебно внимавајте на превозот
Штрајковите се редовна појава во Европа. Доколку е потребно, вработените ја прекинуваат работата за да се борат за подобри плати и услови за работа и да ги принудат работодавците и државата да ги слушаат. Вработените во транспортот често прибегнуваат кон нив, што може да ги расипе плановите на оние кои патуваат.