Актуелно
Во рубриката актуелно ве информираме за сите новости кои се однесуваат на пазарот на трудот во Македонија и светот. Вработеноста, вработувањето, просечната плата и Законот за работни односи се теми кои редовно ги следиме и за кои секојдневно информираме. Барањето работа ќе ви биде значително полесен процес доколку сте информирани за новостите кои ние ви ги подготвуваме. Вестите за пазарот на трудот се идеални за луѓе кои бараат работа, работодавци, претприемачи и вработени професионалци. Многумина ќе ги интересира и како сме се посрамотиле на работа, дали одиме на работа настинати, дали ја работиме работата што ја сакаме, дали создаваме пријателства на работното место и какви се резултатите од популарните анкети објавени на порталот Vrabotuvanje.com.mk. Информираме и за одредени вести од сферата на економијата и бизнисот, но најважното подрачје за нас останува пазарот на трудот. Тука се и актуелностите од сферата на човечките ресурси, условите за работа и најновите истражувања на порталот Vrabotuvanje.com.mk. Најпопуларни теми се истражувањата за големината на платата, кој е најдобар работодавач во Македонија, дали сакаат македонските работници да работат во странство и останати полесни теми како што се уредност на работа и пиење кафе на работното место.
-
Влада: Усвоен Протоколот за превентивни мерки за сите работни места за спречување на пренесувањето на КОВИД-19
На вчерашната седница владата го усвои Протоколот за превентивни мерки за сите работни места за спречување на пренесувањето на КОВИД-19 што важат за сите работни места и за сите луѓе на работното место, како што се работодавците, раководителите, работниците, договарачите, клиентите и посетителите.
-
Најбезбедни дестинации за летување во Европа според Forbes
Магазинот Forbes направи листа од 20 најбезбедни летни дестинации на Стариот континент, од кои седум се од нашиот регион.
-
Како да работите помалку и да постигнете повеќе? Одговорете на овие 5 прашања
Ако нешто научивме од карантинот, тоа е дека премногу време на работа трошиме без причина
-
Ако не се почитуваат мерките, ЌЕ СЕ ЗАТВОРАТ КАФЕАНИТЕ И КАФУЛИЊАТА!
На состаноци со угостителите се работи на разјаснување и поправање на протоколите со цел да се олесни работата на носителите на оваа дејност и да се заштитат граѓаните
-
Малта од 1 јули ги отвора границите за туристи од 16 европски земји
Островот Малта ќе ги отвори своите граници на 1 јули за туристи од 16 европски земји, од Израел и само за одредени делови на Италија.
-
Tesla ја отвора својата прва продавница за возила во регионот
Tesla ќе ја отвори својата прва продавница за возила во Словенија, а за тоа веќе се огласени две работни места
-
Финансиите им го контролираат животот на две третини од Македонците
Околу две третини или 64% од жителите на земјава сметаат дека финансиите им го контролираат животот, покажуваат податоците од Извештајот Финансиска писменост на возрасните во Југоисточна Европа.
-
Грција одлучи: Плаќаме сместување на туристите ако се разболат од корона
Грција ќе плаќа сместување на туристите кои ќе бидат позитивни на коронавирус, изјaви портпаролот на грчката влада, Стелиос Петсас.
-
НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА
Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги со одлука.
-
Драстично намалени цените за сместување во Хрватска - најскапите апартмани чинат колку најефтините лани
Цените низ огласите се драстично намалени, па така ако најевтиниот апартман лани во претсезона бил 40 евра, сега за истиот период оваа година толку чини најскапиот.