Актуелно
Во рубриката актуелно ве информираме за сите новости кои се однесуваат на пазарот на трудот во Македонија и светот. Вработеноста, вработувањето, просечната плата и Законот за работни односи се теми кои редовно ги следиме и за кои секојдневно информираме. Барањето работа ќе ви биде значително полесен процес доколку сте информирани за новостите кои ние ви ги подготвуваме. Вестите за пазарот на трудот се идеални за луѓе кои бараат работа, работодавци, претприемачи и вработени професионалци. Многумина ќе ги интересира и како сме се посрамотиле на работа, дали одиме на работа настинати, дали ја работиме работата што ја сакаме, дали создаваме пријателства на работното место и какви се резултатите од популарните анкети објавени на порталот Vrabotuvanje.com.mk. Информираме и за одредени вести од сферата на економијата и бизнисот, но најважното подрачје за нас останува пазарот на трудот. Тука се и актуелностите од сферата на човечките ресурси, условите за работа и најновите истражувања на порталот Vrabotuvanje.com.mk. Најпопуларни теми се истражувањата за големината на платата, кој е најдобар работодавач во Македонија, дали сакаат македонските работници да работат во странство и останати полесни теми како што се уредност на работа и пиење кафе на работното место.
-
МТСП: На личните сметки на 2.759 млади лица префрлени над 8,9 милиони денари за младински додаток на плата
Министерството за труд и социјална политика и Агeнцијата за вработување информираат дека е извршена исплата на младински додаток за месец април. На личните сметки на 2.759 млади лица се префрлени над 8,9 милиони денари додаток на плата.
-
Кој се ќе добие картичка од 3.000 и 9.000 денари?
Платежна картичка со сума од 9.000 денари за купување на домашни производи ќе добијат само активните невработени кои секој месец се пријавуваат во Агенција за вработување.
-
Нема да има присилна наплата за даночни долгови доспеани во мај и јуни
Владата ја дополни Уредбата со законска сила за примена на Законот за даночна постапка со која се пропишува даночниот орган да не издава решенија за присилна наплата кон даночните обврзници за даночните долгови кои се доспеани во месеците мај и јуни, како и за останатите даночни долгови за кои не е поведена постапка за присилна наплата до моментот на влегување во сила на оваа уредба со законска сила.
-
Кога ќе има исплата на социјално за Мај?
На 58 седница, Владата ја разгледа и усвои Информацијата за исплата на парични права од социјална заштита за мај 2020 година
-
Од кој сектор згаснуваат најмногу компании?
Гледано по сектори на дејност, најголемиот дел од згаснатите претпријатија (34,9%) се во секторот...
-
Необични закони за работа што важат само во овие земји
Oд САД до Индија, работниците треба да се прилагодат на разни необични правни одлуки, поврзани со работното место. Секоја земја има свои закони, а во повеќето случаеви тие се исти или слични. Меѓутоа, има земји кои вовеле “чудни“ правни рамки.
-
Во Бугарија 14-дневен карантин само за граѓаните од осум земји: Дали Македонија е меѓу нив?
Задолжителниот 14-дневен карантин ќе остане само за граѓаните на осум држави, кои имаат голем број инфицирани лица со Ковид-19 во последните две недели.
-
Дали цел хотел ќе мора во карантин ако некој од гостите се зарази?
Она што ги интересира оние кои ќе одлучат да летуваат надвор од границите на земјата е што ќе се случи ако некој се зарази во хотелот во којшто престојуваат.
-
Се спремаат откази во Рено: 15.000 работници би можеле да останат на улица
Францускиот производител на автомобили „Рено“ се подготвува да објави одлука за отпуштање на 15.000 луѓе ширум светот, како дел од планот за зголемување на профитабилноста по падот на продажбата, изјави портпаролот на синдикатот ЦФДТ по состанокот со раководството на компанијата.
-
Имате уште 2 дена за потврда или корекција на годишната даночна пријава во УЈП
На 31.05.2020 година истекува рокот за потврдување или корегирање на годишните даночни пријави во УЈП!