Актуелно
Во рубриката актуелно ве информираме за сите новости кои се однесуваат на пазарот на трудот во Македонија и светот. Вработеноста, вработувањето, просечната плата и Законот за работни односи се теми кои редовно ги следиме и за кои секојдневно информираме. Барањето работа ќе ви биде значително полесен процес доколку сте информирани за новостите кои ние ви ги подготвуваме. Вестите за пазарот на трудот се идеални за луѓе кои бараат работа, работодавци, претприемачи и вработени професионалци. Многумина ќе ги интересира и како сме се посрамотиле на работа, дали одиме на работа настинати, дали ја работиме работата што ја сакаме, дали создаваме пријателства на работното место и какви се резултатите од популарните анкети објавени на порталот Vrabotuvanje.com.mk. Информираме и за одредени вести од сферата на економијата и бизнисот, но најважното подрачје за нас останува пазарот на трудот. Тука се и актуелностите од сферата на човечките ресурси, условите за работа и најновите истражувања на порталот Vrabotuvanje.com.mk. Најпопуларни теми се истражувањата за големината на платата, кој е најдобар работодавач во Македонија, дали сакаат македонските работници да работат во странство и останати полесни теми како што се уредност на работа и пиење кафе на работното место.
-
Секоја шеста млада личност останала без работа за време на пандемијата
Меѓународната организација на трудот (МОТ) соопшти дека секоја шеста млада личност ја изгубила својата работа за време на пандемијата на Ковид-19.
-
Од 1 јуни границите на Црна Гора ќе бидат отворени и за Македонци
Црна Гора ја прошири листата на држави чии граѓани можат да влезат во земјата.
-
Што работодавците “гуглаат“ за вас пред да ве вработат
Според истражувањето наведено од Business Insider, работодавците не ве “гуглаат“ со намера да ги најдат вашите негативни страни. Претежно е обид подобро да се запознаат со кандидатот за полесна селекција.
-
Инспектори на терен ќе ги едуцираат угостителите за примена на протоколите
Инспекторските тимови ќе го контролираат спроведувањето на протоколите.
-
Експерт за финансии открива 1 навика што ги разликува успешните луѓе од останатите
Цели пет години Томас Корли, експерт за финансии ги проучувал животите на луѓето кои по својата заработка може да се сведат на богати и оние кои со финансиите едвај излегуваат на крај. Неговата работа се состоела од следење на повеќе од 200 активности на 233 богати и 128 луѓе кои живеат на работ на егзистенција.
-
МТСП: Парична помош за сите невработени кои имале прекин на работен однос во периодот од 11 март до 30 април
Работниците кои поради корона кризата останале без работа, независно од времето поминато во работен однос, ќе можат брзо да дојдат до помош за полесно да го премостат периодот на невработеност.
-
Цел континент поштеден од коронавирусот: Еве како им успеа
Властите целосно го откажаа туризмот, го евакуираа персоналот кој не е потребен и ги забрани контактите помеѓу членовите на меѓународните бази.
-
Кои земји отвораат граници и кога - познато кога ќе може да се патува и каква е одлуката за тестирање и карантин
Со попуштање на мерките воведени поради пандемијата коронавирус, земјите на ЕУ почнуваат да ги отвораат своите граници, па многумина се прашуваат каде може да се оди на одмор.
-
МВР со известување: Управните служби со ново работно време
Министерството за внатрешни работи воведува ново работно време во седиштето на Одделението за управни работи во Скопје и во неколку дисперзирани канцеларии на ниво на градот, со цел навремен и ефикасен пристап на граѓаните до правото да поднесат барање за издавање на лични документи.
-
Од денеска кафулињата и рестораните се отворени: Ова се правилата кои треба да ги почитувате доколку сакате да седнете
Кафулињата и рестораните, по два и пол месеца пауза, од денеска повторно се отвораат за гости. Ќе работат само оние локали што располагаат со тераси, а на секоја маса ќе може да седат по максимум четири лица.