Актуелно
Во рубриката актуелно ве информираме за сите новости кои се однесуваат на пазарот на трудот во Македонија и светот. Вработеноста, вработувањето, просечната плата и Законот за работни односи се теми кои редовно ги следиме и за кои секојдневно информираме. Барањето работа ќе ви биде значително полесен процес доколку сте информирани за новостите кои ние ви ги подготвуваме. Вестите за пазарот на трудот се идеални за луѓе кои бараат работа, работодавци, претприемачи и вработени професионалци. Многумина ќе ги интересира и како сме се посрамотиле на работа, дали одиме на работа настинати, дали ја работиме работата што ја сакаме, дали создаваме пријателства на работното место и какви се резултатите од популарните анкети објавени на порталот Vrabotuvanje.com.mk. Информираме и за одредени вести од сферата на економијата и бизнисот, но најважното подрачје за нас останува пазарот на трудот. Тука се и актуелностите од сферата на човечките ресурси, условите за работа и најновите истражувања на порталот Vrabotuvanje.com.mk. Најпопуларни теми се истражувањата за големината на платата, кој е најдобар работодавач во Македонија, дали сакаат македонските работници да работат во странство и останати полесни теми како што се уредност на работа и пиење кафе на работното место.
-
Владината одлука за враќање на работа од 1 јуни не важи за сите
Владината одлука од 57-мата седница за враќање на работа од Први јуни не важи за хронично болните и за родителите кои имаат деца на возраст до 10 години, или деца на претшколска возраст.
-
Од утре се враќа бесплатниот превоз за пензионерите
По одлуката на владата од вчера и завршувањето на вонредните мерки, од петок повторно се враќа и бесплатен автобус за пензионерите.
-
Црна Гора ги отвора границите со 9 земји, Македонија меѓу нив не е
Во првите денови од јуни, Црна Гора ќе ги отвори своите граници со земји што ги исполнуваат критериумите на Институтот за јавно здравје, најави премиерот на Црна Гора, Душко Марковиќ.
-
Што е клучно за да успеете во бизнисот
Бизнисот е тежок. Ако не го разбирате, тогаш е уште потешко. Ако бркате само краткорочни парични придобивки, тогаш веројатно нема да успеете.
-
10 правила на штедење до кои се придржуваат богатите
Кои се заедничките особини и правила кои ги поседуваат луѓето кои се добри во управување со парите?
-
Ни евро за сончање, Бугарија нуди бесплатни чадори и лежалки
Дваесет и три плажи на бугарскиот брег на Црно Море ќе нудат бесплатни чадори за сонце и лежалки, соопшти министерката за туризам Николина Ангелкова.
-
Вашиот дом е местото каде што има најголема веројатноста да се заразите од корона вирус
Тоа е така затоа што кога некој ќе дојде кај вас дома и ви го донесе вирусот, тој останува во воздухот подолго отколку кога би бил надвор, објаснува професорот по биологија на Универзитетот Масачусетс, Ерин Бромаж.
-
Две нови патарини, патот Скопје-Штип ќе чини 160 денари во еден правец
Патувањето до Штип во иднина нема да биде бесплатно. До крајот на јуни се очекува да приврши тендерската постапка за избор на фирма која ќе ги гради двете нови патарини на новата автопатска делница долга 47 километри.
-
ОД УТРЕ отвараат угостителските објекти: Вака ќе изгледа едно седнување на кафе
Од денеска целосно престанува да важи Одлуката за забрана и посебниот режим за движење на граѓаните на територијата на целата земја, а веќе од утре стартуваат со работа и угостителските објекти.
-
Повик до невработени: Нова мерка на Агенцијата за вработување
Врз основа на Оперативниот план за активните програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2020 година, усвоен од Владата на Република Северна Македонија, за мерката 2.1 Субвенционирање на плати, финансирана од Буџетот на Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија, на ден 23.05. 2020 година се објавува: