Актуелно
Во рубриката актуелно ве информираме за сите новости кои се однесуваат на пазарот на трудот во Македонија и светот. Вработеноста, вработувањето, просечната плата и Законот за работни односи се теми кои редовно ги следиме и за кои секојдневно информираме. Барањето работа ќе ви биде значително полесен процес доколку сте информирани за новостите кои ние ви ги подготвуваме. Вестите за пазарот на трудот се идеални за луѓе кои бараат работа, работодавци, претприемачи и вработени професионалци. Многумина ќе ги интересира и како сме се посрамотиле на работа, дали одиме на работа настинати, дали ја работиме работата што ја сакаме, дали создаваме пријателства на работното место и какви се резултатите од популарните анкети објавени на порталот Vrabotuvanje.com.mk. Информираме и за одредени вести од сферата на економијата и бизнисот, но најважното подрачје за нас останува пазарот на трудот. Тука се и актуелностите од сферата на човечките ресурси, условите за работа и најновите истражувања на порталот Vrabotuvanje.com.mk. Најпопуларни теми се истражувањата за големината на платата, кој е најдобар работодавач во Македонија, дали сакаат македонските работници да работат во странство и останати полесни теми како што се уредност на работа и пиење кафе на работното место.
-
Елон Маск: Луѓето ќе станат бескорисни ако не се поврзат со машините
Милијардерот Елон Маск е познат по своите футуристички идеи, а неговиот последен предлог е да нè спаси од безначајноста бидејќи вештачката интелигенција станува се позастапена.
-
Германија ќе дозволи патувања за 31 европска земја од 15 јуни
Германската влада утре ќе одлучува за планот да се укине предупредувањето за туристичко патување во 31 европска земја од 15 јуни. Македонија и другите од Западниот Балкан не се опфатени со планот.
-
Сите што останале без работа од 11 март до 30 април имаат право на половина плата
Овој надомест се исплатува во случај кога работниот однос му престанал со давање на писмена изјава од страна на работникот, кога спогодбено му престанал работниот однос или кога работниот однос му престанал со отказ од страна на работодавачот, за времетраење од два месеци, сметано од престанокот на работниот однос.
-
Шпанија воведува основен приход: 550 евра месечно, без никакви услови
Шпанија планира да потроши 3 милијарди евра годишно за шема што ќе обезбеди минимален приход за најсиромашните граѓани. Нивната цел е да ја сведат сиромаштијата на просекот во Европската унија.
-
СЗО: Земјите во кои паѓа бројот на заболени се соочуваат со втор бран ако нагло ги попуштат мерките
„Светот сè уште е среде првиот бран на пандемијата на коронавирус“, предупреди шефот за итни случаи на СЗО, Мајк Рајан.
-
Казна од 500 евра за фрлање маска и ракавици на улица во Рим
Во Рим се воведени казни до 500 евра за фрлање ракавици и заштитни маски на улица, според наредбата потпишана од градоначалничката на главниот град на Италија, Вирџинија Раџи.
-
По примерот на Германија, Хрватска ќе плаќа надомест за скратено работно време
Хрватското здружение на работодавачи и Владата водат интензивни преговори за новата програма за помош на економијата и зачувување на работни места откако ќе се искористат средства од постојниот пакет државни стимулации, а со цел компаниите да ја преживеат кризата предизвикана од пандемијата на Ковид-19.
-
На кафе од четврток, од 1 јуни нема полициски час?
Моментално полицискиот час е од 19 часот навечер до 05 часот наутро.
-
Италија ќе ангажира 60.000 доброволци кои ќе пазат дали се држи физичка дистанца
Повикот за волонтери приоритетно ќе им биде упатен на невработените и корисниците на социјални примања, а ќе биде објавен во текот на неделата од страна на Агенцијата за цивилна заштита.
-
Судот во Германија одлучи:Околу 60.000 купувачи би можеле да добијат обештетување од Волксваген
Германскиот врховен суд во Карлсруе ја прифати претходната пресуда на покраинскиот суд во Кобленц, кој на еден купувач на моделот Шаран му даде право на обештетување во износ од 26.000 евра.